Култура
Македонија ќе учи од италијанското искуство за заштита на културното наследство

Десет претставници од Управата за заштита на културното наследство, царинската служба и полицијата во октомври ќе заминат на шестдневна обука во Рим, Италија.
Македонските учесници на обуката ќе имаат можност да се запознаат со структурата, задачите и сите поврзани искуства на тамошните надлежни служби за заштита на културното наследство.
Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, по реализираните двa регионални семинари, во 2006 и во 2011 година за имплементација на Конвенцијата на УНЕСКО за недозволена трговија со културното наследство, договори со Регионалното биро на УНЕСКО организирање на обука за десет учесници од Македонија во Рим, во периодот од 12-ти до 18-ти октомври.
По реализираната обука во Италија, македонските учесници би стекнале непосредно искуство кое подоцна би можеле да го пренесат на своите колеги и, всушност, би се овозможило во иднина да имаме наши обучувачи за оваа проблематика, велат од Министерството за култура.
„Реализацијата на оваа обука е во контекст на заложбите на Министерството за култура за вистински и интегриран приод кон зачувувањето на културното наследство и спречувањето на недозволената трговија со културните добра, при што стручните лица од соодветните служби ќе имаат можност за размена на искуства и нови решенија во контекст на сузбивањето на недозволената трговија со културните добра“, стои во соопштението на Министерството.
Република Македонија во изминатиот период направи позитивен и сериозен исчекор во спречувањето на недозволената трговија со културното наследство. Во координација со Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Министерството за култура, беа спроведени многу акции при што само минатата година беа евидентирани обиди за нелегална трговија на над 500 културни добра./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.