Контакт

Култура

Министерката за култура во работна посета на Париз

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа –Милевска викендов престојува во работна посета на Париз, Р. Франција, каде ќе го посети Меѓународниот град на уметностите и ќе се сретне со генералниот директор на оваа реномирана културна установа, Жан Ив Лангле.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во рамките на Меѓународниот град на уметностите во Париз, е основано и ателје на Република Македонија каде повеќе од 80 реномирани македонски ликовни и музички уметници, со поддршка на Министерството за култура, изминативе 12 години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во светската метропола на уменоста, да разменат искуства и да остварат контакти и соработка со релевантни галерии и институции.

 

На средбата, министерката за култура Канческа-Милевска и генералниот директор Лангле, меѓудругото, ќе разговараат и за можностите за продлабочувањето на соработката помеѓу Министерството за култура и Меѓународниот град на уметностите.

 

Во недела, пак, во една од најпрестижните сали во Париз, Театарот Ле Палас, министерката за култура Канческа-Милевска, во присуство на бројни гости, дипломати, претставници на УНЕСКО и Францускиот институт од Париз, ќе се обрати на отворањето на јубилејното, петто по ред, издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа „SEE a Paris”, кој од 12 до 16 април се одржува во француската метропола.

 

На програмата на ова јубилејно издание кое е во организација на асоцијацијата SEE a Paris и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, под патронажа на УНЕСКО и во партнерство со Монтенегро Филм Фестивал и повеќе европски и регионални институции, пред француската филмска и културна јавност ќе бидат презентирани најновите филмски остварувања на 12 земји од Балканот, како и неколку филмови од Република Македонија. На церемонијата на свеченото отворање, ќе бидат доделени и неколку почесни награди, меѓу кои наградата за најдобар актер во југоисточна Европа, ќе му биде врачена на светски реномираниот актер Раде Шербеџија.

 

Во рамките на манифестацијата, по свеченото отворање, премиерно пред париската публика ќе биде изведена и современата балетска претстава „14 часа“, во режијата на Наташа Поплавска. Гостувањето во Париз на една од најгледаните балетски продукции на Македонската опера и балет, следи по мошне успешното претставување на ова балетски дело во Рим, Виена и Сараево.

 

За време на престојот во Париз, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, предвидено е во седиштето на УНЕСКО да оствари работна средба со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова. На средбата ќе стане збор за досегашната соработа  но и за останатите активности помеѓу Република Македонија и оваа еминентна организација.  /крај/со/ст

 

Култура

Браќата Дарден, македонска копродукција и концерти вечерва на „Синедејс“

Објавено пред

Со вечерашниот репертоар започнува официјалната натпреварувачка програма на 24 CINEDAYS. Во двете селекции, Официјална конкуренција и СЕЕ се натпреваруваат европски филмови и копродукции кои ја претставуваат флуидноста и непосредноста на можни соработки меѓу филмските работници.

dobivaj vesti na viber

Филмот ЕРА, во режија на Парта Келменди е првата македонска копродукција која ја гледаме на овогодинешниот фестивал, а е селектиран во СЕЕ програма.

„За мене, копродукцијата на филмот ЕРА беше истовремено големо задоволство и значаен предизвик, бидејќи филмот навлегува во чувствителен историски период кој бара искрено, прецизно и автентично раскажување. Рекреирањето на деведесеттите во денешна Приштина беше комплексна задача, но под водство на режисерката и сценаристка Парта Келменди и со посветената работа на македонскиот тим – сценографот Кирил Спасовски, директорот на фотографија Наум Доксевски, монтажерот Михаил Димитров и целата останата креативна и техничка и екипа од Македонија и Косово – успеавме да создадеме филм со кој искрено се гордееме. Извонредните актерски интерпретации на Зана Бериша, Армен Смаили, Албан Укај, Мајлинда Косумовиќ и многу други, ја носат тежината и значењето на приказната со длабока свесност за нејзината културна важност. Соработката меѓу Косово и Северна Македонија во филмската уметност секогаш доаѓа природно и лесно, благодарение на блиското разбирање на нашите култури. Верувам дека ЕРА е уште еден силен пример за тоа колку успешни и вредни дела произлегуваат од ова партнерство“ – вели Марија Димитрова, која е македонски копродуцент во оваа Косовско – македонска продукција.

Во клуб МКЦ од 20:30 часот е закажан Синедејс музичкиот блок, во кој публиката ќе има можност бесплатно да ги проследи концертите на музичките групи Stoinost (Бугарија), Elizabeta Bam (Хрватска), Ubili su batlera (Србија) и Sunblinds (Бугарија). Музичката програма на фестивалот е финансирана од програмата Лајвјуроп.

Во останатиот репертоар на вечерашниов 24. CINEDAYS ќе гледате:

Кратки филмови

17 часот – режија: Флака Коколи – 19 часот 25 Мај

Пријатни летни денови – режија: Невена Десивојевиќ – 19 часот 25 Мај

АМРА – режија: Васил Христов – 20 часот Кино Фросина

Состојба на умот – режија: Александра Кардалевска – 20 часот Кино Фросина

Официјална конкуренција

Кралот Кат – режија: Ури Маранц – 19:30 часот 25 Мај

Нашата прекрасна кланица за свињи – режија: Адам Мартинец – 21 часот Кинотека

СЕЕ

ЕРА – режија: Парта Келменди – 20:20 часот Кино Фросина

Месо – режија: Димитрис Накос – 19:00 часот Кинотека

ГАЛА

Млади мајки – режија: браќата Дарден – 22:00 часот Кино Фросина

Прикажи повеќе...

Македонија

Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.

Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.

На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.

На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.

Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.

Прикажи повеќе...

Култура

Со два филма на репертоарот вечерва почнува 24. „Синедејс“

Објавено пред

Од

Со добитникот на Златаната палма на Канскиот фестивал „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи и биографискиот документарец „Човек лавина“ за Драгољуб Ѓуриќиќ, првиот тапанар на Леб и сол во режија на Слободанка Радун, вечерва се отвара 24. Фестивал на европски филм „Синедејс“.

dobivaj vesti na viber

„Многу вешто го создадовме ова издание на фестивалот, кое ќе нé однесе на платно пред врвот на европската кинематографија, пред најновите и наградувани филмови со кои Скопје ќе дише следниве денови. Возбудени сме затоа што отвораме со два феноменални филма, кои го најавуваат програмскиот ракурс на фестивалот“ – вели Маргарита Арсова програмски координатор на „Синедејс“.

Киното Фросина е резервирано за филмскиот мајстор Џафар Панахи, кој со „Тоа беше само несреќа“ создава длабоко човечки морален трилер, каде што високата напнатост се испреплетува со ненадејни напливи на хумор и содржајни, напати болни, прашања за прогонство и одмазда. Феноменален филм кој филм што е снимен тајно, ги одразува неговите искуства во затвор и неговите искуства со државната репресијa. Филмот е избран како француски кандидат за наградата Оскар во 2026 година во категоријата Најдобар меѓународен долгометражен филм.

А во Салата 25 мај ќе се прикаже филмот „Човек лавина“ на Слободанка Радун. Филм-портрет чие што прикажување пред скопската публика носи особена возбуда, бидејќи тапанарот Ѓуриќиќ, дел од својот живот го дава токму на оваа музика и народ.

„Скопје е важен град во животот на Драгољуб Џуричиќ и затоа и се радувам на македонската, скопската публика. Со филмот сакав да ја прикажам комплексната слика за Драгољуб Џуричиќ, музичар со необична кариера од една страна и човек со негов систем на вредности, карактер и енергија. Се трудев да избегнам негова митологизација и да го насочам филмот кон емоции, а не патетика. На таа линија беа и сите соговорници со кој Драгољуб соработувал како Здравко Чолиќ, Влатко Стефановски, Рамбо Амадеус, Дејан Цукиќ, Лав Братуша, Никола Чутурило и многу други – вели Слободанка Радун, режисерка на филмот „Човек лавина“.

Под слоганот „Се гледаме од другата страна“ од 3 до 10 декември се случува 24. „Синедејс“.

Фестивалот ќе се случува во просториите на МКЦ, во кино Фросина и Дансинг салата 25 мај.

Билетите за овогодишното издание ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови, а може да се купат онлајн, преку bileti.mkc.mk, како и на самиот влез на МКЦ.

Фестивалот во најголем дел е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ. Останати финансиски покровители се Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата за поддршка на европски филмски фестивали како и мрежата Лајвјуроп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија3 часа

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија3 часа

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија4 часа

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...

Македонија5 часа

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија6 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија7 часа

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет9 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа10 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет10 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет11 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет11 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет11 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет11 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија22 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија1 ден

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија1 ден

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија1 ден

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...