Македонија
АВМУ ќе објави оглас за да бара заменик на директорот Зоран Трајчевски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, на седницата закажана за утре, како петта точка на дневен ред предлага да се усвои предлог-одлука за објавување јавен конкурс за избор на заменик на директорот на ова тело. „Макфакс“ неофицијално дознава дека ваквиот предлог дошол од членот на Советот, Миљаим Фетаи.
Советот на АВМУ во 2014 година донесе одлука за објавување јавен конкурс за избор на директор и заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, но изборот заврши безуспешно.
Собранието ги именува членовите на Советот на АВМУ на 2 јули 2014 година, а на 7 октомври 2014 година Советот на АВМУ го избра Зоран Трајчевски, поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, за директор на Агенцијата. Агенцијата до денеска немала заменик-директор.
Откако ќе бидат именувани, членовите на Советот избираат од својот состав претседател и заменик-претседател. Секој член на Советот има право да предложи кандидати за овие две функции. За избрани се сметаат кандидатите со добиено мнозинство од гласовите на членовите на Советот. Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги неколку месеци е закочен во Собранието и не е изгласан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

