Македонија
Адвокатите бараат изземање на судиите во ТНТ за да не се слушаат бомбите
Адвокатите бараат изземање на судиите во ТНТ за да не се слушаат бомбите во судот поради интервју на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека има разговори меѓу судии кои, како што рече адвокатот Еленко Миланов, постапуваат по предмети на СЈО. Станува збор за тројца поротници и двајцата судии Осман Шабани и Огнен Ставрев. Тие бараат да бидат изземени и претседателот на судот, Џолев Иван, Пајазит Пајазити и судиите на Апелациониот суд, Лидија Димчевска и Сафет Кадрии.
Ова е втор случај во кој се бара изземање на судиите по „Топлик“, каде што беше побарано тоа, но судот не дозволи. Адвокатот на судот му достави цеде од емисијата и транскрипт.
На рочиштето за ТНТ треба да се слушаат 26 аудиоразговори од т.н. бомби во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски,Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на Општина Гази Баба уште три милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

