Контакт

Македонија

Адвокатите на осудените за убиството на Тот, најавија жалби: „Казните се драконски“

Објавено пред

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени, а тоа е кривичното дело убиство. Адвокатот Иле Танев, бранител на првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски, смета дека казната е драконска.

dobivaj vesti na viber

„Секако само што ќе ја добиеме пресудата уште сега најавуваме жалба. Мислам дека пресудата е драконска, казната превисока. Мислам дека една трагедија не се решава со друга трагедија. Ова за нас претставува голема неправда, но не можам да ви кажам на околности на кои ќе поднесеме жалба, затоа што треба да ја добиеме во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација како што најавивме уште на почетокот. Не постои ни најмал сомнеж дека постои овде умисла кај обвинетите, но таков е ставот на судот, и затоа сме тука ние да го оспориме и да поднесеме жалба“, рече Танев.

Тој и покрај ставот на судијката која ги изрече казните, тврди дека немало умисла во случајот, што е потребно за да се исполни битието на делото и да се изрече казната.

„Мислам дека  неиздржана е таквата констатација затоа што во моментот кога се случува настанот не постои никаква умисла, а најмалку директна или евентуална, како што тоа го наведува судот. Самиот факт што обвинетите остануваат и му пружаат помош на сега починатиот исклучува секаква умисла. Кои се елементите на убиството кога тие  му пружаат помош и остануваат до крај. Не можат да бидат свесни затоа што тој е ракометар, тој е физички подготвен. Со еден удар  да убиете ракометар, тоа е апсурд. Имајте предвид дека Анџело има полуинвалидна рака, на која има оштетувања, па ракометарот на еден натпревар сигурно добива десет пати посилни удари, но секако дејството на алкохолот си го направило своето. Можеби ако бил турнат само ќе паднел, но сега тоа е констатацијата. Затоа на сите овие елементи што се наведени ние ќе поднесеме жалба, но по добивањето на пресудата“, додаде тој.

„Задолжително“. Ова е одговорот на Емил Гугутчески, адвокат на Клементина Лефковска, на прашањето дали ќе ја обжали пресудата.

„Не се правилно ценети сите факти. Пресудата ќе биде обжалена во секој случај,  оваа казна е превисоко определена.Ссметаме дека спрема нашата обвинета  во никој случај не постои  кривично дело убиство. Има преземено одредени дејствија – удар, но од нејзинот удар нема настанато смрт во никој случај. Самите видовте од безбедносните камери дека нејзините удари  не се такви што би нанеле смрт. Во глава се, меѓутоа од нејзиниот удар не е настаната смрт и смртни последици. Не постои во ниеден момент прекин на ‘рбетниот столб, односно на ‘рбетниот мозок“, вели тој.

И адвокатот Еленко Миланов, бранител на Андреј Костовски, третообвинет, најави дека ќе бара правда пред Апелација.

„Секако ќе ја обжалиме пресудата, како по основот така и по основот на висината“, кажа Миланов.

Сите обвинети добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.

Македонија

Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја

Објавено пред

„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.

Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.

Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.

Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.

Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.

Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.

Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион39 минути

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ47 минути

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет60 минути

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откако Авганистанец застрела припадници на Националната гарда близу Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 час

(Видео) Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет2 часа

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет3 часа

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет3 часа

Хамас побара евакуација на неговите борци кои останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија15 часа

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија18 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија19 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија21 час

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија21 час

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија22 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија23 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија24 часа

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет24 часа

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион1 ден

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет1 ден

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет1 ден

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет1 ден

„Донецк и размената на територии“: целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...