Македонија
Албанската опозиција се обедини во една пратеничка група
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/afrim-gashi.jpg)
По формализирањето на нашата коалиција, нашиот Сојуз одлучи да ги сплоти пратениците во една пратеничка група, рече Африм Гаши на денешната прес-конференција.
Како што изјави, денеска е поднесено известување до претседателот на Собранието дека од сега па натаму партиите од Европскиот сојуз за промена ќе дејствуваат преку една пратеничка група.
Координатор на оваа група од трите партии ќе биде пратеничката Сафие Садиќи-Шаини, а заменик-координатор ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.
„На овој начин Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Деловникот на Собранието за пратеничките групи. Сметаме дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на земјата за што сме сериозно заинтересирани да помогнеме“, рече Гаши.
Од таму апелираат до претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не го пролонгира изборот на членот на ДИК, кој му следува на опозицијата затоа што, како што велат, тоа го прави соучесник во непочитувањето во Изборниот законик.
„Одлучни сме оваа битка да ја водиме сѐ до целосното ослободување на Албанците од режимот на ДУИ. Мнозинството од албанскиот народ, кое сакаше да нѐ види заедно во овој Сојуз, сака промени и оваа лавина промени никој не може да ја спречи. Ние сме тука да ја исполниме оваа обврска“, изјави Гаши.
Во новата пратеничка група се шест пратеници и додаваат дека се отворени за сите пратенци што сакаат да се приклучат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.