Македонија
Александар Ивановски-Теранова кажа дека нема докази за да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацови
Обвинетиот Сашо Мијалков во случајот „Плацови на Водно“ го распрашуваше сведокот Александар Ивановски-Теранова околу деталите дадени во неговиот исказ. По речиси секое цитирање на исказот, Сашо Мијалков го интересираше дали сведокот има материјален доказ за контактите и средбите за кои тврди дека ги имал. Ивановски-Теранова негираше.
„Нели е нелогично преку тебе да се распрашувам за земјиште, туку за друг, како што кажуваш и ти, па не ја гледам причината зошто би прашувал, особено ако тој за кого ти кажуваш дека било наменето земјиштето имал секојдневен контакт со сите институции. Која е логиката?”, праша Мијалков, на што сведокот одговори: „А што ако тој што гледал ДУП-ови не сакал да се знае дека има плацови”, на што Мијалков му рече: „Ќе ја видиме таа логика понатаму затоа што не е така”. Судијата реагираше на коментарот, а Мијалков врати: „Ако, да се разбереме малку”.
„Дали ти Алек имаш доказ дека сум ти се јавил?”, праша Мијалков, на што Ивановски-Теранова одговори: „Немам доказ, тоа беше телефонски”.
„Треба ли да ги снимам разговорите, ако барате доказ, немам”, одговори Александар Ивановски-Теранова на уште едно прашање за тоа дали за исказот и разговорите кои ги споменува има материјални докази.
„Ти немаш вакво искуство, ти посакувам и да немаш. Постапката е таква да одговараш само на тоа што прашувам”, рече Сашо Мијалков.
На ова реагираше обвинителката Лиле Стефанова, поради што судијата Илија Трпков ја предупреди дека не смее да се обраќа директно до Сашо Мијалков.
„Немојте да преговарате директно. Мене ќе ми се обратите па јас ќе направам ред во судница”, рече судијата Илија Трпков до Лиле Стефанова.
Александар Ивановски-Теранова кажа дека нема доказ со кој може да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацови.
„Ваш плац, ваши пари, ваши комуналии. Како да веруваме дека тие станови и плацови не се ваши?”, праша адвокатот Давидовиќ, а сведокот кажа: „Мој плац, мои комуналии, моја градба, а беше правена за Телеком. Ако одиме по вашата логика”, а адвокатот врати: „Ама сте зеле пари за тоа”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

