Македонија
Алијансата за Албанците ги поништи одлуките од „нелегитимниот состанок на 10 февруари“ и ја усвои кандидатурата на Таравари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/taravari-alijansa-2.jpg)
На четвртиот вонреден конгрес на Алијансата за Албанците одржан денеска во Скопје, делегатите едногласно донесоа неколку одлуки, извести партијата преку писмено соопштение.
„Се усвои кандидатурата за претседател на државата на претседателот на партијата Арбен Таравари, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Европското движење за промени, во рамките на претседателските избори од 24 април и 8 мај 2024 година.
Се поништија одлуките на нелегитимниот состанок на Партиското собрание, одржано на 10 февруари 2024 година, бидејќи истите се карактеризираа со бројни статутарни прекршувања, манипулации и веќе докажани фалсификати, за кои денеска Алијансата за Албанците најави поднесување кривично обвинение против сторителите.
Беше усвоена измената на Статутот на Алијансата за Албанците, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување. Една од непосредните импликации на овие промени е укинувањето на функцијата претседател на Собранието и на овластувањата на телото однапред познато како тесно Претседателство на партијата“, соопшти Алијансата за Албанците.
Заблагодарувајќи се за едногласната поддршка, Таравари кажа дека Алијансата за Албанците ќе води позитивна кампања, „отворајќи ги вратите за сите оние кои ја посакуваат долгоочекуваната промена“.
На конгресот присуствуваа 421 делегат или огромното мнозинство од членовите на највисокото партиско тело, извести Алијанса за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.