Контакт

Македонија

Алијанса за Албанците: ДУИ се прегрнуваше со ВМРО, па со СДСМ само за да остане на власт

Објавено пред

„Дека ДУИ ги покажува првите знаци на страв од длабокиот пораз, говорат реакциите на оваа партија, напишани без основа. Всушност, тие и треба да се плашат, бидејќи се приближува денот кога моќта на власта ќе биде на рацете на народот, кој со нетрпение го чека 12 за да ја направи разликата“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Според партијата, за сите овие години на власт, оваа партија на моменти се прегрнуваше со ВМРО, а на други со СДСМ, станувајќи нивна слуга само за да бидат дел од власта. И ова го докажаа тие самите неколку пати.

„12 април ќе означи нова ера за Албанците во земјава, надеж и живот за сите, не само за нивните партиски војници. Бидејќи промените ќе се појават како резултат на лошата политика со години, затоа што никој не е против нив како индивидуи, туку против нивната штетна политика. Повеќе го нема тој ‘опозициски лидер’ кој секогаш ќе ја држи ДУИ на власт, затоа што е време самата ДУИ да биде опозиција“, се додава во соопштението.

Македонија

(Видео) Заев на средба со граѓани: Го вративме достоинството на земјоделците

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска беше во посета на општина Кисела Вода каде се сретна од граѓани од населбата Драчево.

На средбата, Заев се запозна со нивните проблеми и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните и го засегаат нивното секојдневие.

Меѓудругото Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево со кои разговараше за економските политики на владата на СДСМ кои, како што рече, овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микро бизниси.

„Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори кои го унапредуваат земјоделството и го враќаат достоинството на земјоделците. Низ партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците околу откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија“, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ ја посети и точката на која е започната реконструкцијата на патот кон локалитетот „Три круши“ во времето додека ја предводеше владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од општината и државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Тетово се одржа втората јавна трибина посветена на дигитализацијата

Објавено пред

Министерството за информатичко општество и администрација, продолжи со организација на повеќе настани во областа на дигитализацијата.

Во Тетово се одржа втората јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“, на која се обратија министерот Дамјан Манчевски и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, потоа професорот Азир Алиу како претставник на академската заедница и Бобан Милосавлески од бизнис-заедницата.

На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализaцијата на јавната администрација.

Според Манчевски, целта на овие јавни трибини е покрај граѓаните, исто така и институциите да бидат запознаени со сите можности во однос на електронските услуги.

„Денеска имаме 128 електронски услуги што ги нудиме, од кои 70 беа постојни, но ги интегриравме на едно место на uslugi.gov.mk, а 58 се нови и оваа бројка ќе расте“, рече министерот Манчевски

Министерот се осврна на проектите на МИОА во однос на дигитализацијата и процесот што водеше до електронските услуги. Посебен фокус беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, од своја страна рече, дека проектите за дигитализација треба да се користат што е можно повеќе оценувајќи дека тие се многу значајни за локалната самоуправа.

На трибината говореше и професорот Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии, кој, меѓу другото, се осврна на дигитализацијата како неопходност во наставниот процес, но и современото живеење.

Бобан Милосавлески од компанијата „Алтиус солушнс“ се осврна на придобивките од е-услугите, особено во однос на бизнис-заедницата, како и нивните искуства во таа насока.

На денешната втора јавна трибина се обрати и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој ги поздрави присутните. Тој исто така се осврна на дигитализацијата како неопхопдност и на придобивките од овој процес.

Инаку, денеска беше отворен и регистрацискиот пулт во рамките на Општина Тетово, каде што граѓаните кои нема да можат сами да се регистрираат на порталот за е-услуги, тоа ќе го направат со помош на овластено службено лице.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опожарени седум контејнери и дел од кабли за струја во Центар

Објавено пред

На улицата Алберт Ајнштајн во Скопје биле опожарени седум контејнери и дел од кабли за струја.

Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен вчера околу 18 часот.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

(Фото: Илустрација)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија3 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија4 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија5 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија5 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија5 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија5 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет6 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија7 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија7 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет8 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет8 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет9 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет9 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет9 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет10 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт18 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт20 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт20 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет21 час

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Досие