Македонија
Алијансата за Албанците нема да оди на листа со ДУИ на избори
Алијансата за Албанците на претстојните избори ќе оди самостојно, изјави партискиот лидер Арбен Таравари откога лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му понуди настап на изборите со заеднички листи.
Таравари рече 0дека станува збор за одлука на партиското раководство и дециден е дека, дефинитивно, Алијансата за Албанците нема да оди со ДУИ со заеднички листи, а тоа му го повторил и на Ахмети за време на последната средба.
„Се подготвуваме за самостоен настап и го мобилизираме членството. Тоа е мој и став на претседателството, а дали ќе се смени, тоа ќе биде јасно по седницата на највисокиот орган на партијата“, рече Таравари.
Одлуката треба да помине и на централното собрание, што ќе се одржи до крајот на оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
