Македонија
Али Ахмети од Скопје: Заедно со народот изградивме тврдина што не може да се урне, ДУИ има кадри потребни на овој народ!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/WhatsApp-Image-2024-03-09-at-20.27.07.jpeg)
Демократската унија за интеграција вчера во Скопје ја одржа Конвенцијата за промоција на кандидатот за претседател, Бујар Османи.
Денес започнува големата и најважна битка на новата генерација, битката за европска иднина, за еднаквост, за затворање на вратата на Русија и за отворање на онаа кон Европа. Пред исклучително голем број присутни граѓани свои обраќања имаа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот албански премиер, Талат Џафери како и кандидатот за претседател, Бујар Османи, велат во соопштението до јавноста од ДУИ.
-ДУИ има кадри за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети.
-Се собравме да кажеме јасно, “НЕ” на РУСИЈА, “ДА” за ЕВРОПА! За Европа и со Европа заедно со Бујар Осман, рече техничкиот премиер Џафери. – Ова е иницијатива на ДУИ, на сите да им покаже каде припаѓа. Али Ахмети во кампањата предупреди дека на ред е првиот албански премиер, тој тоа го кажа, па кажаното беше и направено. Кој мисли дека ќе ги сруши ДУИ и Али Ахмети греши, бидејќи неговото име потекнува од војна, работа и искреност. Од нас излегоа оние кои не се посакувани денес, но за неколку дена ќе им покажеме на сите кој каде припаѓа. Се собравме да кажеме јасно, “НЕ” РУСИЈА, “ДА” за ЕВРОПА. За Европа и со Европа, заедно со Бујар Османи. Оној кој доброволно не претставуваше во ОБСЕ и МНР. Бујар ќе ни биде домаќин на 24 април, на 8 мај, додека на 9 мај не очекува големата прослава, – истакна пред присутните Џафери.
-Докажавме дека можеме да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, сега на нас, нашата генерација е да докажеме дека можеме да имаме и успешен претседател на Републиката, – оцени истовремено претседателскиот кандидат и министер за надворешни работи, Бујар Османи. – За време на мандатот како вицепремиер за европски прашања и неодамна како министер за надворешни работи, особено како претседавач со ОБСЕ, имав привилегија да ја претставувам нашата Република на светската сцена и да работам со меѓународната дипломатија за глобален мир, истовремено подигајќи ги интересите на нашата држава. Јасен сум за новите перспективи каде што мора да се фокусираме за да ги отстраниме бариерите кои сè уште не оддалечуваат од широкиот пат на напредок и развој што ги нуди 21-от век. Како активен член на албанскиот народ и како посветен граѓанин на Република Северна Македонија, имам богато искуство, силна волја и нова визија да го подигнам угледот на нашата држава повисоко, воспоставувајќи соодветни партнерства и зголемување на пријателите, со кои ги обединуваат нашите вредности на меѓународната сцена, заедно да го направиме патот за градење на иднината на нашите граѓани. Докажавме дека можеме да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, сега на нас, на нашата генерација е да докажеме дека можеме да имаме и успешен претседател на Републиката. Претседател кој ќе обединува, но и претседател кој ќе се грижи за институциите и почитувањето на уставниот поредок, – истакна кандидатот за претседател и воедно министер за надворешни работи, Бујар Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.