Македонија
Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово
Ски Центарот Маврово, од 3-ти до 5-ти февруари 2017, го организира 15-тиот аматерски хуманитарен велеслалом на патеката од Галичкиот ски лифт. Со организирање на овој настан ќе се покаже хуманоста на аматерите, кои собраните средства, ќе ги донираат на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
Компаниите може да пријавуваат екипи составени од три учесници – скијачи, кои ќе се натпреваруваат два дена во квалификационa и во финалнa тркa. Секоја компанија може да пријави повеќе тимови. Котизација за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари и тимовите скијачи може да се пријават на: http://eepurl.com/cyejWH
Натпреварите се организирани професионално. Скијачкиот Центар од Маврово, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија, изготви програма и пропозиции по кои ќе се одвиваат квалификационите и финалните трки. Времето на трката ќе се мери електронски. Директор на трките е реномираниот меѓународен судија, Виктор Крстевски-Викса, а традиционално, главен судија на натпреварувањето е Јохан Елзесер. За овој настан, патеката ќе ја постави Александар Атанасовски – Чаве од Алпскиот скијачки клуб “СКАДИ”.
На хуманитарниот велеслалом веќе се пријавени тимови од голем број компании, како Македонски Телеком (секогаш е главен поддржувач и спонзор на самиот настан), потоа ОнеВип, телевизија Канал 5, Некстсенс, Комерцијална Банка, Горска, НЛБ пензиски фонд, АЕК, Контрола на летање, Асеко, Пелистерка, Ванила фуд и уште неколку компании кои ќе помогнат овој настан да придонесе за хуманоста кон оние на кои им е потребна помош.
Натпреварот ќе започне со квалификациско возење за сите пријавени натпреварувачи. Најпрво ќе стартуваат натпреварувачите во женска конкуренција, потоа оние кои се над 40 годишна возраст (сениори), а за крај, најмладите или сите кои се родени пред и заклучно со 1975 година. Најдобрите 8 или 16 од секоја категорија ќе се квалификуваат за финалните паралелни трки во недела./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

