Македонија
Андоновски: Очигледно се планира Бучковски тајно да преговара за македонскиот јазик и идентитет

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека владата го назначи Бучковски за да тера тајни разговори со Бугарија.
„Веќе два дена молк од Владата на Зоран Заев за тајните преговори со Бугарија. Очигледно се планира Бучковски тајно да преговара за македонскиот јазик и идентитет. Прашањата на ВМРО-ДПМНЕ се прашања кои ги поставуваат граѓаните на Македонија и за кои заслужуваат одговори. Владата од граѓаните ги крие условите и барањата од Анексот со 12 точки. До кога на некои тајни преговарачки маси ќе се раскрчмува македонскиот идентитет и јазик. Владата дозволува Македонија да се негира на телевизиски емисии во Софија, а македонскиот идентитет да биде карта за поткусурување во преговорите со ЕУ. Со посочениот Анекс клопчето започна да се одмотува. Се потврди информацијата на ВМРО-ДПМНЕ од минатата година дека на македонската влада и бил врачен Анекс од 12 точки, со негаторски позиции за македонскиот идентитет. Сега дознаваме и дека тој Анекс им бил даден на Заев, Димитров и Османи уште во ноември минатата година. 3 месеци молк за македонските граѓани. 3 месеци тајни преговори“, рече Андоновски.
Тој истакна дека од нивната партија предупредуваа дека Анексот бара ретуширање на историјата и го оспорува односот кон малцинствата. Вели дека овој Анекс е опасен и по македонскиот јазик – тој сега не треба да биде повеќе македонски, туку само како формалност дел од нашиот Устав.
„Со ова се погазува децениската борба на македонските преродбеници уште од Ѓорѓија Пулевски и Димитрија Чуповски, преку Крсте Петков Мисирков, па се до официјалната кодификација на македонскиот јазик како македонски. Затоа, министерката Мила Царовска сама и без јавна расправа се впушти во образовна реформа со која се укинува предметот историја. Сето тоа за владата да се обиде да се умилка и да им удоволи на бугарските предизборни барања“, порача тој.
Андоновски праша: Кога бил доставен нон-пејперот од Бугарија и зошто македонската јавност не е информирана за содржината на истиот? Дали 12те точки се поразителни за македонскиот идентитет и јазик ? Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и историја? Зошто Зоран Заев веќе две години лаже дека немаме отворени прашања со соседите?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот, по објавување на пресудата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, најавија протести и наведоа дека ќе се борат со сите средства.
Протестот ќе почне во 13 часот во паркот „Чаир“ на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, а ќе продолжи кон Основниот суд Скопје 1, Собранието и кон Владата.
Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот ќе бидат следните улици:
– ул. „Х. Т. Карпош“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, ул. „11 Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул. ВМРО, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Сончево време, од недела заладување

Времето ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степенa.
Во Скопје сончево и топло со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
В сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне, поради продор на постудена воздушна маса, облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.
Македонија
Седумнаесет години од смртта на Борис Трајковски

Денеска, ќе биде одбележана 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата.
Претседателот Стево Пендаровски ќе положи венци со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Делегации од Кабинетот на претседателот ќе положат свежо цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимле, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, и на гробот на еден од членовите на делегацијата во Велес.
Борис Трајковски заедно со осумчлената делегација трагично загина во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година во Ротимле во близина на Мостар.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер