Македонија
Андоновски: Шилегов не потпишал налози за да се исплатат плати на вработените во градските претпријатија
Негрижата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов кон сите, но најмногу кон вработените во Градот Скопје и градските претпријатија, има свој ефект и по неговото заминување од функцијата, обвини Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека поранешниот градоначалник си заминал од функцијата, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија.
„ Петре Шилегов не потпишал налози за да се исплатат плати на вработените во градските претпријатија. Стотици вработени останаа со задоцнети месечни примања затоа што на Петре Шилегов му било тешко да ги исплати платите.
Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Освен што овие претпријатија се направени загубари во последните 4 години, сега и вработените не можат да ја земат својата плата поради неодговорниот однос на претходниот градоначалник.
Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, времето го потроши за да потпишува договори од 240 илјади евра да го осветлува Скопје со светилки во време на енергетска криза.
Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, го потроши времето да додели награди на Венко Филипче и на Денко Малески. На првиот, затоа што најкатастрофално се справува со корона-пандемијата. А на вториот затоа што смета дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.
Вработените треба да бидат спокојни. Новото раководство на градот Скопје во најкраток можен рок ќе го разреши оставениот проблем од претходниците. Вработените во претпријатијата ќе можат да сметаат на целосна исплата на нивните плати и надоместоци“, порача Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

