Македонија
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел.
Информацијата со јавноста ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.
Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.
Утре ќе биде погребот и на Сара Пројковска, членка на бендот „ДНК“.
„Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот’, известија на социјалните мрежи од Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Групата настапуваше во дискотеката во која ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Објвени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“, велат од Министертсвото.
1-Алексова Стефанија 2004
2-Џамов Јорданчо 1993
3-Трајчев Иван 2000
4-Ѓоргиев Џоко 2000
5-Коларов Александар 1981
6-Величков Иван 1998
7-Стојанов Андреј 2000
8-Антова Ивона 2003
9-Христовски Павел 2004
10-Димитријев Диме 1994
11-Насевски Никола 2007
12-Богданов Тоше 1994
13-Тодоровски Тоше 1988
14-Коцева Ана 22.1.2004
15-Живков Адријан 2000
16-Петрушов Гордан 2001
17-Горгиев Игорче 1976
18-Стевановски Филип 1988
19-Стојанов Томче 2003
20-Стоименова Моника 1999
21-Стојанов Стојанчо 1988
22-Пројковска Николовска Capa 1977
23-Шопова Марија 1997
24-Ивановски Петар 2004
25-Ѓорѓиев Александар 1991
26-Марковски Матеј 2007
27-Закова Бојана 1997
28-Василков Ѓорѓи 1999
29-Петров Александар 1999
30-Минова Драгана 2008
31-Алексова Capa 2006
32-Ѓорѓиески Андреја 1982
33-Ивановски Филип 2008
34-Јорданова Capa 2007
35-Стрезоска Марија 2001
36-Ефремов Александар 1992
37-Велков Игор 1980
38-Тасева Стојковска Лепа 1998
39-Атанасовски Мартин 1996
40-Алексов Александар 1986
41-Минов Божидар 2001
42-Милковска Кети 1999
43-Златков Томас 2003
44-Соколова Стефанија 2005
45-Велков Леонид 2007
46-Наунова Надица 2007
47-Јорданов Виктор 2000
48-Панов Андреј 2000
49-Иванов Димитар 2008
50-Стоименов Спиро 1998
51-Владимиров Јове 1993
52-Андонов Ице 2003
53-Тасевски Стефан 1988
54-Величков Ѓорѓи 1994
55-Стојанов Александар 1986
56-Христова Сања 1999
57-Танески Дамјан 2006
58-Спасова Моника 1998
59-Лазаров Андреј 1999
Од тука изразија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.
Македонија
„Неизмерно тагуваме по огромната загуба на нејзиниот млад живот исполнет со многу светлина, која нѐ грееше сите нас“, УАКС се прости од нивната студентка Ана

„Денес, со тешко срце се збогуваме со нашата драга Ана, наша студентка, другарка и член на УАКС-семејството. Неизмерно тагуваме по огромната загуба на нејзиниот млад живот исполнет со многу светлина, која нѐ грееше сите нас секојдневно“, велат од Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ .
Ана ќе ја паметиме по нејзината добрина, која несебично ја делеше со сите оние што ја познаваа, нејзината топлина како човек и пријател, но и по нејзината амбиција, таленти и љубов што ја имаше за сите и за сѐ што правеше. Нејзиното присуство беше вистинско богатство за сите што имаа чест да ја познаваат. Нејзиното отсуство, пак, ќе биде гласно и ќе го чувствуваме сите многу долго и длабоко.
Во овие моменти на огромна тага нашите мисли се со нејзиното семејство, пријателите и сите оние што ја познаваа и што ја сакаа. Споменот на нашата Ана нека биде она што ќе ни даде сила да бидеме солидарни, да подадеме рака и да бидеме поддршка за оние на кои најмногу им треба.
Во отворената книга на жалост, денес, а и во деновите што следуваат, ќе ги запишеме нашите мисли и молитви и ќе ја спомнеме нашата другарка.
Почивај во мир, мила наша Ана. Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна“, велат од Универзитетот „Американ колеџ Скопје“.
Македонија
„Знам дека се бориш лавовски, само како што ти умееш, со тебе сме со целото срце и душа“, српската пејачка со порака до Панчо

Во големиот пожар што избувна во дискотека во Кочани и однесе 59 животи повреден е и пејачот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, кој е голем пријател со српската пејачка Сара Јовановиќ.
Таа на својот инстаграм-профил сподели видео од Панчо и му се обрати со потресни зборови.
„А ти, добар наш, Панчо… Знам дека се бориш лавовски, само како што ти умееш… Нема момент кога не сме помислиле на тебе. Ние сме со тебе со целото срце и душа“, напиша Сара.