Македонија
„Анима мунди“: „Не“ за стрелиште во Маврово
,,Во близина на детското одмаралиште Бунец, и некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси. Се гради стрелиште, во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без решение за градба од општина Маврово Ростоше, или каков бил документ, иако Националниот парт Маврово неколку пати по ред го одбива барањето согласност за изградба“, велат од Анима Мунди.
„Животните кои и така се без доволно храна поради градежните експанзии во Мавровскиот дел, во околности каде ресурсите дури и за вода им се ограничени, сега ги чека најсвиреп упад во нивните живеалишта, стрелиште кое ќе ги изложи на стрес, страв и одстапување од нивната природна територија на движење“, посочуваат од организацијата и додаваат:
„Животната средина, управувањето на шумите и заштитените подрачја, издавањето дозволи за есксполатација е исклучително плодна почва за корупција, што е нотирано во сите ЕУ извештаи. За оваа сулудо и погубно по природата дејство, постои согласност од Министертвото за заштита на животна средина, издадено пред истекот на мандатот на претходниот министер. Бараме итна ревизија за ова да се спречи! Ги повикуваме сите институции, сите засегнати, граѓанските организации на кои ова поле им е од најтесна експертиза да реагираат, да се преземе се да се запрат градежните активности, да се спаси Маврово“.
Велат дека нема да дозволат нечиј бизнис интерес да стои над интересите на јавноста, природата, живиот свет кој како и во која форма ќе опстои, зависи од нас.
„Не за стрелиште во Мавровo”, пишуваат Анима Мунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

