Македонија
Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни
Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски.
За сертификатот по англиски јазик, издаден од училиште во Пловдив, Бугарија, Антикорупциската комисија заклучи дека не е надлежна да вештачи дали документот е фалсификуван, туку тоа е работа на Обвинителството.
„ДКСК изврши увид во сертификатот и формално правно условот е поднесен, односно, поднесен е документ што ги задоволува барањата. Поради претставката за сомневање на автентичноста на наведениот сертификат, ДКСК нема овластување да проверува и утврдува автентичност на документите како ТОЕФЛ сертификатите. Надлежноста за утврдување на евентуалната невалидност на документот е во ОЈО Скопје каде што е поднесена кривична пријава“, изјави Цвета Ристовска, член на ДКСК.
Во однос на тоа што Христовски лани бил избран за претседател на скопскиот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека едниот од условите наведени во Законот за АНБ е дека директорот на оваа агенција не треба да е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија, од ДКСК велат: „Доставена е изјава со која под полна материјална и кривична одговорност, лицето изјавило дека не е члена на политичка партија, ниту на тела на партија. Оттука, согласно надлежностите на ДКСК, таквата изјава е автентичен доказ тој не е член на политичка партија“.
Антикорупционерите констатираа дека нема основ за постапување по основ на судир на интереси и корупција, а тој ги исполнува условите за вршење на функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комисијата за историски прашања е алиби за моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров
Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, оценува Ангел Димитров, копретседател на Заедничката експертска комисија за историски прашања во изјава за бугарски медиуми.
На прашањето до каде е дојдена комисијата, Димитров одговори: „Најкраткиот одговор е никаде, бидејќи по 8 години работа, 38 состаноци, сè уште сме на учебникот за 7-мо одделение, а материјалот за седмо одделение, одговара на 6-то одделение во нашата земја, т.е. во 11-ти век. Гледајте, би можел да кажам дека ова е блокада на работата на комисијата, но ќе употребам повнимателен израз, ќе кажам дека тоа е стагнација, застој, и го користам затоа што ова е и целокупната состојба на земјата таму. Нешто што беше наведено во извештајот од Брисел и нешто што воопшто не го загрижува државното раководство таму. Ова е нешто како алиби во сегашните многу комплицирани односи меѓу нашите две земји, бидејќи формалната активност на комисијата сугерира дека сè уште постои желба да се работи. И морам да нагласам дека ова е единствената комисија што работи, создадена според Договорот за пријателство и добрососедство и единствената форма на негово спроведување. Но, бидејќи нема резултати, тогаш можеме да размислиме каков е ставот кон самиот договор.“
„Секако, првиот ден од нашата работа се совпадна со потпишувањето на овој договор за работа на тунелот, граничниот тунел, кој ќе ја поврзе железничката линија по коридорот број 8. Јас сум многу чувствителен на оваа тема, ми е многу блиска. Значи, тунелот е најмалиот проблем во овој случај, иако звучи симболично. Се шегувам дека ако изградбата на железничката линија таму не оди добро, ќе мора да направиме дополнително гранично обезбедување на европската граница на тунелот. Гледајте, го кажувам ова на шега. Искрено се надевам дека овој страв, да го наречеме, од поврзување на двете земји е веќе надминат во РСМ. И е надминат не само поради свеста за сопствениот интерес, бидејќи ова е европски проект од „големо значење за НАТО“. Го споменав овој случај бидејќи е мала светлина, да не влегуваме во тунелот, но добро е да се сфати дека работите нема да се случат брзо.“
Составот на комисијата е променет од страна на РСМ, но тоа не го промени начинот на кој работи.
„И претходниот состав на комисијата се фокусираше на Охридската архиепископија како тема на професионални дискусии. Главната работа што ја сакаат нашите колеги е да не се навестува ни најмалку дека таа е продолжение на Бугарската патријаршија, дека постои овој континуитет, оваа историска врска. Постои некаков континуум помеѓу институцијата и претходната институција – Патријаршијата на бугарската држава. Иако ова е многу јасно наведено со самите одлуки на царот Василиј II. Главната причина за блокирање на работата на комисијата е неподготвеноста на нашите колеги, во овој случај тие целосно ја следат политичката линија на државата и доктрината за Македонизмот, а да не зборуваме за заедничка историја. Нешто што не е само вградено во Договорот за пријателство и добрососедство, како идеја за создавање на оваа комисија, туку е и во преамбулата како значење на самиот договор. Гледате, резултатот е неверојатен парадокс.“, додава Димитров.
Фото: принтскрин
Македонија
„Во 2026 година ново рекордно зголемување на буџетот за научно – истражувачка дејност“: МОН го честита Светскиот ден на науката за мир и развој
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 1,37 милијарди денари за наука, соопшти МОН.
Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно – истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.
„Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарди денари со кои продолжува финансирањето на научно – истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и организирање на научни и студиски престои во странство.
Посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање, така што, заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме во реализација на личните амбиции.
Развојни политики добиваат континуитет, затоа што секој влог во науката се исплати и на средства и труд во овој сегмент, не треба да се штеди. Честит 10 Ноември – Светски ден на науката!“, се додава во соопштението на МОН.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

