Контакт

Македонија

(Видео) Антикорупциската ќе ги истражува вработувањата на семејствата на функционерите

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе истражува непотизам во последните вработувања на лицата блиски до некои од функционерите. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, рече дека нема стигнато претставка, но ќе постапат по сопствена иницијатива. Најави дека ќе побараат целосна документација за вработувањата и по анализите, ќе ја известат јавноста.

dobivaj vesti na viber

-Нема судир на интереси помеѓу ќерката на Џафери и членот на ДКСК, Нури Бајрами, но ќе си го искоритиме правото , чл 17, да вршиме антикорупциска проверка на законите и да укажеме каде би требало да се зајакнат да не дојде до вакви случаи,  наша улога е да дејствуваме превентивно, да се зајакнат институциите, да се зголемат контролите, да се утврдат процедури и критериуми кои ќе обезбедат вредност, порача Ивановска.

Ивановска додаде дека ќе ги истражат и случаите поврзани со последниот скандал на Министерството за култура и претходно со Фондот за иновации.

Во врска со вработувањата на децата на функционерите, Ивановска рече дека нема правило по кој редослед ќе ги истражуваат, но додаде дека ќе потенцираат оти треба допрецизирање во законот

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Велковски за ширењето на големата кашлица: Инспекциските контроли во Скопје немаат утврдено неправилности и прекршувања од страна на детските градинки

Објавено пред

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со директорите на детските градинки од цела Македонија, на која се разговараше за сите затекнати проблеми во детските градинки ширум државата и реалните можности за нивно решавање во периодот на техничка влада и по изборите на 8 мај.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатите четири недели како сум во министерството за труд и социјална политика добиваме секојдневно жалби и поплаки во однос на многу прашања и проблеми коишто ги засегаат детските градинки. Се уште 5.000 дечиња се на листите за чекање во самите детски градинки, а тоа укажува дека просторните услови се сеуште недоволни во најголем дел од општините во Македонија. Овде го имаме проблемот и со согласноста за кадар која за жал низ изминатите години не била добиена за да можат да се пополнат сите испразнети места од пензионирање, заминување од работа и слично. Разговаравме и за проблемот за над 1.000 луѓе коишто чекаат се уште во фиоките на министерството како баратели за стекнување со лиценца за негуватели, воспитувачи и друг стручен кадар“, вели министерот Велковски.

На средбата со директорите на градинките се разговараше и за зајакнување на превентивните мерки коишто ги преземаат министерството и самите градинки во насока на спречување на ширењето на големата кашлица, потенцирајќи ја потребата од почитување и примена на воспоставените мерки како во Скопје, така и во другите градови во државата. Досега спроведените инспекциски контроли на територија на Град Скопје немаат утврдено неправилности и прекршувања од страна на детските градинки во главниот град.

„На наша иницијатива, моја со тимот минатата недела испративме известувања до градинките за да го почитуваат она што значи правната легислатива да не бидат запишувани дечиња коишто немаат вакцинален картон. Инспекторите се на терен, прават постојани контроли и имаме записници според кои до сега не се изречени мерки по однос на прекршување на делот примени дечиња во градинките без вакцинален картон. Во сите проверки кои се направени од страна на инспекторите во Скопје бидејќи овде е и жариштето, секаде каде се отидени инспекторите ги проверуваат досиејата и до сега не се најдени забелешки“, дополнува министерот Велковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демири: Наша цел е секој пациент со ретка болест да има достапен лек

Објавено пред

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска учествуваше на панел-дискусијата посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести.

dobivaj vesti na viber

Во своето излагање Демири потенцира дека во 2009 година буџетот за ретките болести изнесувал околу 25 милиони денари, а денеска изнесува 950 милиони денари.

„Ако правиме компарација, математички во 2009 година првите инвестициите за ретките болести биле некаде околу 25 милиони денари, а денеска се 950 милиони денари. Дали сме задоволни? Не сме со тоа што е постигнато затоа што таргет на Министерство за здравство ќе биде покривање на секој пациент што има потреба од лек во категоријата ретки болести“, рече Демири.

Демири истакна дека ја поддржува националната стратегија, која бргу ќе почне да се имплементира.

„Ја поддржувам националната стратегија и се гордеам со вашиот ангажман, бргу ќе почне да се имплементира тоа. Во системот ‘Мој термин’ програмата што е направена за евиденција и следење ќе продолжи да се надградува и да има некаков ред. Ова што го кажувам важи и за ретките болести со посебен осврт на категоријата болни од цистична фиброза и таму има доста напредок. Таргет ми е годинава, со тие средствата што ги има обезбедено Владата, да ја зголемиме бројката на пациенти што ќе се вклучуваат на терапија, со намера и цел секој пациент кој е со цистична фиброза да добие лек кога му треба, а не да има листа на чекање. И се надевам дека ќе има ваков напредок“, изјави Демири.

Лани, се воведоа шест нови леа за 16 пациенти, а годинава се воведуваат 4. Почнат е процес на подготовка на протоколи за лекување на лицата со ретки болести, кој е во тек и набргу се очекува финализирање на дел од протоколите.

Министерството за здравство е секогаш отворено, транспарентно и останува посветено на решавање на потребите на сите пациенти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бочварски од Струмица: Над 2 милијарди евра инвестиции во изградба на патишта, железници, гасоводи, водоводи и канализациски системи

Објавено пред

Над 2 милијарди евра во моментот инвестираме во целокупната инфраструктура во земјава и тоа го покажуваат и бројките и многуте проекти што ги реализираме на терен. Капиталните инвестиции ги реализираме во континуитет за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и да реализираме проекти што носат директен бенефит за граѓаните и економијата, истакна министерот Благој Бочварски денеска од Струмица.

dobivaj vesti na viber

Бочварски заедно со градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.

При посетата на населеното место Градско Балдовци, министерот Бочварски истака дека преку Министерството за транспорт и врски се гради 10 километри комунална мрежа со вкупна инвестиција од 1,3 милион евра.

Тие извршија увид и во реконструкција на локална улица, која се реализира преку Министерството за транспорт и врски во висина од 18,7 милиони денари.

Градоначалникот Костадин Костадинов потенцира дека со капиталните инвестиции Струмица станува економски центар во државата.

„Реализацијата на проектите по барање на граѓаните е невозможна без поддршката од централната власт“, изјави Костадинов, градоначалник на општина Струмица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Бунарите пресушуваат, изворите се повлекуваат; наместо над 400, УХМР има 40 станици за следење на подземните води

Секнати кладенци, пресушени бунари, повлечени изворишта на вода и суви поила за стока станаа главна мака во речиси сите региони...

Европа3 часа

(Видео) Путин: НАТО подготвува напад врз Русија, но мора да разберат дека и ние имаме оружје што може да ги порази на нивна територија

Владимир Путин го почна своето годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Федералното собрание на Русија. Кремљ не ги објави...

Македонија3 часа

Демири: Ќе најдеме решение да му се помогне не само на Лео, туку и на секој друг пациент што има потреба

Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне на Леонид Индов,...

Македонија4 часа

Во дел од општините ГУП-от не е сменет над 20 години, има голем број дивоградби и неефикасен инспекциски надзор, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето на тема „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ и ова,...

Македонија4 часа

Ванковска на чекор до претседателска кандидатура, собра 9.085 потписи

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.085 од потребните 10.000...

Македонија4 часа

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази,...

Топ4 часа

(Видео) Полицајци истепале лице вработено како обезбедување во казино во Куманово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската...

Македонија5 часа

Платите на функционерите, законот за игри на среќа и стратешките инвестиции пред пратениците

На дневен ред на продолжението на 145. собраниска седница, денеска меѓу другите се Законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија6 часа

Лиже таму кај што плукал, Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој...

Свет6 часа

Белата куќа: Израел мора да обезбеди слободен пристап до Ѕидот на плачот за време на рамазан

Портпаролот на Белата куќа Метју Милер го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до „Ѕидот на...

Свет6 часа

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија на Украина...

Свет6 часа

Бајден беше на систематски: „Поминав“

„Поминав“, изјави американскиот претседател Џо Бајден (81) по неговиот годишен рутински преглед во воената болница во Мериленд, и покрај загриженоста...

Македонија17 часа

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател...

Македонија20 часа

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот...

Топ21 час

Силувана малолетничка во Скопје

Вчера во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека 23-годишниот М.К. од Скопје извршил...

Топ22 часа

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ24 часа

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија1 ден

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија1 ден

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија1 ден

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...