Македонија
Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите
Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гаснење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане, каде што исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што два хеликоптера непрекинато учествуваат во гаснењето на пожарот и негово ставање под контрола, а во исто време уште еден хеликоптер е во целосна подготвеност за ангажирање. Во исто време во касарните во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште илјада припадници на Армијата, кои во случај на укажана потреба, ќе бидат ангажирани во истиот момент.
Како што информираат од Министерството за одбрана, ова било констатирано на утринскиот итен состанок на министерката Радмила Шекеринска со началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски, и армискиот врв за координација на учеството на Армијата во справувањето со пожарите.
Вчеравечер, додаваат од Министерството, по издадената наредба од претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, началникот на генералштабот на Армијата издаде наредба за ангажирање на сите потребни капацитети на Армијата за справување со пожарите што избувнаа на територијата на Републиката.
„Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјекти почнаа со координиран и насочен ангажман со ангажирање потребен број персонал и средства, при што во доцните вечерни часови стотина армиски припадници се вклучија во гаснењето на пожарот кај Кочани, а од раните утрински часови потребен број припадници на Армијата се вклучија во гаснење на активниот пожар во реонот на Делчево и Пехчево“, се потенцира во писменото соопштение од Министерството за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

