Македонија
Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за поврзаност со фирмата која добила тендери вредни девет милиони евра
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во вредност од девет милиони евра. Тој во објава на Фејсбук напиша дека не е во роднинска врска и не ги познава сопствениците на фирмата „Дигитал оне“, која беше спомената на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери“, напиша Арсовски.
Арсовски обвини за манипулации и побара јавно извинување од СДСМ.
„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека сеуште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма“ додава Арсовски.
На денешната прес-конференција Димитријевиќ обвини дека преку криминални шеми власта испумпува милиони евра народни пари и дека државни тендери се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

