Контакт

Македонија

АХВ и ФАО со симулациска вежба ќе го проверат системот за справување со африканската чума кај свињите

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамките на проектот „Африканската чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување“, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест, која не е присутна во земјата.

Целта на вежбата е проверка на функционалноста на планот за итни мерки за справување со африканската свинска чума, со цел обезбедување висок степен на заштита при евентуална нејзина појава и спречување нејзино ширење.

Учесници на вежбата ќе бидат официјалните ветеринари од АХВ, стручни лица од ФАО, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договори за спроведување активности за здравствена заштита на животните од јавен интерес.

Практичниот дел од симулациската вежба ќе се реализира на индивидуална фарма во село Русиново, на комерцијална фарма во село Умлена и во ловиште, а теоретскиот дел во Берово, каде што ќе се тестира координираноста на институциите и протокот на информации во врска со болеста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Османи: Западен Балкан ќе го трансформираме во единствен пазар, според стандардите на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во просториите на Министерството одржа работен појадок со Амбасадорите од земјите на Западен Балкан.

На појадокот присуствуваа и Амбасадорот на Бугарија, Aнгел Ангелов и Амбасадорката на Германија, Анке Холштајн кои имаа свои воведни обраќања.

Како што објаснуваат од ресорното министерство, оваа иницијатива на Османи е дел од дипломатските активности на министерот за редовна координација на земјите од Западниот Балкан во пресрет на овогодинешниот Софиски Самит, во рамките на Берлинскиот процес, да се направи пресек на досегашните постигнувања, но и осврт за очекувањата од самиот процес.

„Би сакал да објавам дека минатата недела, ние, земјите од Западниот Балкан, секако помогнати и од нашите колеги од Советот за Регионална Соработка (RCC), успеавме да финализираме многу важен документ официјално насловен како Повеќегодишен акционен план за заеднички регионален пазар. Тоа претставува важна пресвртница за Западниот Балкан со визија за трансформирање на регионот во практично – еден пазар, заснован на правилата и стандардите на ЕУ. Одиме кон зголемување на неговата привлечност и конкурентност, исто време но намалувајќи го растојанието до пазарите на ЕУ – што е секако наша крајна цел“, истакна Османи.

На средбата се разговараше и за останатите иницијативи и очекувања од заедничкото ко-претседавање меѓу Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

„Напорно работиме, заедно со нашите колеги од Бугарија, за да имаме навистина квалитетна финализација на нашето ко-претседателство, преку успешен дводневен самит во Софија. Регионалната соработка, покрај големото значење за европските перспективи, значи и зголемена економска, културна и општествена размена, што, пак, самото по себе претставува важна придобивка за граѓаните на нашите земји“, рече Османи.

Тој додаде дека од заеднички интерес е целокупниот успех на овој процес, кој претставува значајна иницијатива за регионално инфраструктурно и економско поврзување на земјите од Западниот Балкан, како важни одредници за европските перспективи на земјите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Објавено пред

Поранешениот шеф на кабинетот на екс директорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот „Специјална каса“ за проневера на 825.000 евра. На затворска казна од четири години е осуден Стево Маџовски, поранешен вработен во УБК.

„Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како „Специјална каса“ според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна затвор во траење од 6 години во која казна му се засметува времето поминато во притвор, С.М. го осудува на казна затвор во траење од 4 години“, соопшти Судот.

Обвинетата Кристина Јосифовска е ослободена од обвинението, затоа што, велат од Судот, јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува.

Во текот на кривичната постапка која започна во октомври 2019 година, одржани се вкупно 11 продолженија на главната расправа, а дел од расправите се одржаа во време на вонреда состојба заради пандемијата со Ковид – 19. Беше сослушан и сведок преку видео конференциска врска со надлежен суд во Букурешт, Р. Романија каде се наоѓал сведокот.

Судот утврдил дека обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управата и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација.

Против оваа пресуда осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

Објавено пред

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение.

Во текст насловен „Три добри совети“ пишува:

„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

Ова е извадок од текст во учебникот кој е пренесен како народна приказна во која се раскажува како еден селанец со три алтани купил три совети.

„При анализа на текстот, го прашав детето што научи од овој текст, одговорот беше очекуван: ‘ако те изнервира жена ти, изброј до петнаесет пред да ја заколеш’“, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.

Учебникот по македонски јазик за шесто одделение е потпишан од Снежана Велкова и Соња Јовановска и е одобрен во 2011 година, а продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година. Рецезенти се Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова, сите потпишани како професори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на екс директорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во...

Македонија12 минути

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија1 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет1 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија3 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет3 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија5 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет5 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет5 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет5 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа5 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет16 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија16 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа18 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија19 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија20 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија20 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт23 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет23 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет1 ден

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Досие