Македонија
Ахмети: Ако ми го дадете мечот, ќе ги видите моите крилја

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, пред скопјани синоќа изрази увреување дека на 15 јули ќе победат.
„Пред нас и пред вас е кандидатот за премиер на Република Северна Македонија и ова идеја не ја предложивме за да се шегуваме, ја предложивме за да ја оживуваме и материјализираме и тоа ќе го направиме затоа што е наше легитимно право. Жал ми е што моите колеги Македонци толку панично се однесуваат и не излегуваат на дебати за да е соочат со Зибери, не станува збор тука затоа што не е на листата за пратеници, бидејќи и Мицкоски од ВМРО не е кандидат, но се појавува на дебати. Тие не ги имаат познавањата на Насер“, истакна Ахмети.
Барањето на претседателот на ДУИ, Ахмети, до симпатизерите, активистите, албанската младина, албанските патриоти и мисионери беше на 15 јули да го дадат мечот за потоа да видат како ќе ги постави крилјата.
„Никогаш ниту една војна не сум изгубил затоа што мечот ми беше поклон од борците, никогаш ниту една војна и борба не сум изгубил затоа што мечот ми го подарија патриотите, ниту една војна не сум изгубил и од поголемите противници од мене затоа што мечот ми го подарија мисионерите, на 15 јули заедно ве повикувам да излезете и да ми го дадете мечот и после ќе ги видат моите крилја и рамења и успешно да се соочувам во секој фронт“, заврши на крајот Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.