Македонија
Ахмети: Колку што сме блиску, толку сме и далеку од договор
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање. Ахмети пред новинарите кажа дека ќе бара поддршка од албанските партии за идејата премиер на државата да биде Албанец. Запрашан дали ДУИ би прифатила премиер да биде Македонец, Ахмети не одговори прецизно и рече: „Не можам да пресудам“.
„Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам прв. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и сме готови ова да го направиме за државата, затоа што придобивка ќе има стабилноста, државата, доближувањето на заедниците и така натаму. Ние само што започнавме со преговори, нема многу средби кои што се одржани, ова е втора средба. Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите, потешкотиите“, рече Ахмети одговарајќи дали тој инсистира ДУИ да има една година премиер во Владата“.
Ахмети по средбата посочи дека за преговорите со СДСМ, го известил и Мицкоски кој,пак, му посакал успех.
„Јас сметам дека колку што сме блиску,толку сме и далеку од договор. Сепак, сите страни мора да ги имаат предвид големите интереси на државата. Никогаш не правам тајни средби, како што не сум правел ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ. Јас господинот Мицкоски сум го информирал дека сум започнал преговори помеѓу ДУИ како добитник на овие избори и СДСМ како победник. За тие да не создадат лажно мислење и претстава, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, без да го имаме епилогот од преговорите. Така што, господинот Мицкоски беше прагматичен и посака успех во разговорите, без разлика на епилогот од овие разговори, би сакале да продолжиме со комуникацијата со партиите како претходно“, додаде Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

