Контакт

Македонија

АЦВ: Прекршувањето на правилата под изговор не сме знаеле е неприфатливо, вчерашните управувачи со дронови не се регистрирани оператори

Објавено пред

Агенцијата за цивилно воздухопловство соопшти дека синоќешното медиумско снимање со дрон на собирот на плоштадот Македонија во Скопје, на кој се изрази масовно незадоволство од трагичниот настан во Кочани, го прекршил правилникот за летала без екипаж, стапен во сила на 1 јуни 2024, со одложена примена од 1 јануари 2025.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на 2024 година од страна на АЦВ се преземени низа активности за информирање на јавноста, особено на корисниците на летала без екипаж, вклучувајќи ги и медиумите, за стапување во сила на новата регулатива, при што како завршен настан на промотивната кампања на 14 декември во Домот на АРМ беше организирана работилница на која сите заинтересирани можеа да ги добијат потребните податоци директно од вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство, кои работат на оваа проблематика.

Дополнително, сите информации во врска со начинот и правилата за оперирање со летала без екипаж во македонски воздушен простор 24/7 се лесно достапни на веб-страницата на Агенцијата (www.caa.gov.mk) и/или на www.drone.gov.mk.

Оттаму, прекршувањето на правилата под изговор не сме знаеле е неприфатливо, велат од АЦВ.

Од таму додаваат дека забраната за директно надлетување над луѓе е стара веќе 10 години и таа е предвидена уште со уредбата за условите под кои летало без екипаж може да лета во македонски воздушен простор, донесена од тогашната влада во 2015 и 2017, а во член 4 предвидено е дека: „далечинскиот пилот леталото ќе го управува на безбедно растојание од луѓе и дека нема да лета директно над луѓе – собири на луѓе”

„Во конкретниот случај, со оглед дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ја применува истата оваа регулатива како и другите европски држави, со ограничувањата што се пропишани требало да се запознаени како македонските така и странските оператори на летала без екипаж.

При вчерашните настани лицата што управувале со дронови морало да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Тие никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниедна категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе.

Лицата што управувале со дронови морало да поседуваат сертификат за оспособеност за далечински пилот (А1/А3 или А2) издаден од АЦВ.

Операторите на дронови единствено би имале право да летаат во близина на луѓе (без директно надлетување луѓе) доколку поседуваат оперативно одобрение за оператор на дронови, во посебна категорија, издадено од АЦВ. Оперативното одобрение се издава во управна постапка, која вклучува детаљна проверка на операторот и на системот за управување со безбедноста на летот опишан во оперативниот прирачник на операторот, кој се доставува на одобрување до АЦВ. Притоа далечинските пилоти мора да поседуваат сертификат за оспособеност во категорија на операции А2“, објаснуваат од Агенцијата.

Во соопштението се вели дека покрај инспекторите од Агенцијата за цивилно воздухопловство, надзор врз операциите со летала без екипаж може да вршат и полициски службеници.

Новинарски екипи од ТВ „21“ и на „Ројтерс“ синоќа беа повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје по повод трагедијата во Кочани, а по разговорот, беа пуштени.

Македонија

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Објавено пред

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата сигурност, а во врска со издавањето на согласности за функционирање на диско клубот „Пулс“ во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди.

dobivaj vesti na viber

Од Кривичниот суд попладнево информираа дека притворот е определен поради опасност од бегство, околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Со почит, Основен кривичен суд Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Погребот во Кочани без дронови, новинарите во посебна зона на 300 метри од влезот на капелата

Објавено пред

Владата во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.

dobivaj vesti na viber

За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови).

Овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.

Имајќи ја предвид чувствителноста на оваа трагедија и универзалните етички стандарди за професионално известување, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува сите новинари и медиуми да се придржуваат кон следниве етички принципи:

Почитување на личната болка и достоинството – Новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите.

Избегнување на сензационализам – Известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа.

Објавување на проверени информации – Треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации.

Зачувување на баланс и непристрасност – Медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за јавна вознемиреност.

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18 март за оваа трагедија, исто така ја истакна важноста на етичкото известување. Глобалната повелба за етика на IFJ ја подвлекува должноста на новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето и да ја стават точноста над брзината при пренесувањето на вестите од овој трагичен настан.

Со цел да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе ПРЕСС обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Андовски и Муцунски во посета на болниците во Белград каде што се хоспитализитани повредени од трагедијата во Кочани

Објавено пред

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ги посетија Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и Клиничкиот центар во Белград.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетите, тие остварија средба со директорите и медицинските тимови, при што одблиску се запознаа со здравствената состојба на пациентите и условите во кои се лекуваат.

Во ВМЦ се хоспитализирани 10 пациенти, од кои 6 се на одделот за интензивна нега, а 4 на одделот за пластична хирургија.

Во Клиничкиот центар во Белград се хоспитализирани 17 пациенти.

Дополнително, претставниците остварија средба со родителите и роднините на пациентите, при што ја пренесоа поддршката од страна на државата и ги уверија дека институциите остануваат посветени на обезбедување соодветна помош.

„Во овој тежок период, секој збор на охрабрување и секоја форма на поддршка се од непроценливо значење за семејствата што се соочуваат со предизвици.  Голема благодарност до медицинските тимови на ВМЦ и Клиничкиот центар во Белград за нивната професионална грижа, посветеност, несебичен ангажман и хуманост во грижата за нашите пациенти“, велат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија47 минути

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија1 час

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија2 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија4 часа

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија5 часа

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...

Македонија5 часа

Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови, следува забрана за вршење дејност

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчерашната направена контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца,...

Македонија5 часа

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост: Во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот...

Македонија7 часа

Побаран нов притвор за несреќата во Кочани: вкупниот број се искачува на 18 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за...

Македонија7 часа

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниеден од преживеаните, 101 пациент се во странство, рече Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани....

Македонија8 часа

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел. Информацијата...

Македонија8 часа

Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани, со што...

Македонија10 часа

Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

„Во овие тажни часови за сите страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на...

Македонија10 часа

„Да не се шират дезинформации, бројот на жртви во Кочани е 59“, Владата со повик да не се објавуваат непроверени информации

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани и во знак на почит кон загинатите жртви, повредените и...

Свет11 часа

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето...

Европа12 часа

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари...

Европа12 часа

(Видео) Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа...

Регион12 часа

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите...

Македонија22 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...

Македонија1 ден

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...