Македонија
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството во самоизолација

Поради контакт со лице позитивно на Ковид-19, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, во следните неколку дена ќе биде во самоизолација.
„Моменталната состојба е променлива и многу непредвидлива, коронавирусот ни наметна нови начини и услови на кои сите мора брзо да се прилагодуваме. Поради контакт со лице позитивно на Ковид-19, во следните неколку дена одам во самоизолација, по што ќе направам и тест.
Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Но, самоизолацијата ги менува моите секојдневни планови и обврски кои веќе ги имав испланирано за наредните денови. Се извинувам за сите откажани состаноци, планирани средби, настани. Здравјето и безбедноста на луѓето со кои имам секојдневни средби, семејството, блиските соработници, вработените во Агенцијата се приоритет. Ова ќе помине, да се чуваме, да носиме маски и заштита. Бидете здрави и живи сите, ова ќе помине, а ние ќе бидеме посилини“, изјави Бабовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Националниот план за вакцинација e подготвен, се чека да пристигнат вакцините

Владата на денешната редовна седница го разгледа и прифати националниот план за вакцинација против Ковид-19 во земјата и ги задолжи Министерството за здравство и другите надлежни институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месечни извештаи за остварениот напредок.
Вакцинацијата во државата ќе се спроведува во три фази, во кои се опфатени повеќе категории граѓани.
Фазите, како што појаснуваат од Владата, ќе бидат во согласност со првичните количини на достапни вакцини и ризичните приоритетни групи за вакцинација.
Три главни групи се приоритетни, со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура.
„За спроведување на вакцинацијата, ќе се користат постојната здравствена инфраструктура и стручниот кадар, кој досега ги спроведува вакцинациите во државата. Организацијата на системот ќе биде адаптирана во согласност со условите и во моментот кога ќе има поголем број вакцини, вакцинацијата ќе се спроведува во поширок опсег со можност за вклучување повеќе вакцинални тимови и отворање пунктови“, се вели во соопштението.
Националниот план, појаснуваат од Владата, опфаќа и безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови, каде што ќе се спроведува вакцинацијата.
Македонија
Лајчак домаќин на Димитров и Османи: Напредокот на Северна Македонија е успешна приказна и пример за регионот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во Брисел, имаа средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Како што информираат од владината прес-служба, соговорниците биле едногласни дека Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, притоа истакнувајќи го напредокот на земјата како успешна европска приказна во регионот и пример за другите земји од Западен Балкан.
„Европската перспектива на Северна Македонија мора да продолжи, без разлика на предизвиците на овој пат. Тоа ќе биде потврда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на ЕУ, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните“, било посочено на средбата.
Османи и Димитров нагласиле дека Република Северна Македонија високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.
„Приближувањето на ставовите на Приштина и Белград и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион“, истакнале македонските претставнци.
Македонија
21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-209, Куманово-26, Тетово-13, Прилеп-5, Гостивар-12, Штип-8, Битола-8, Велес-26, Охрид-26, Струмица-8, Кавадарци-32, Струга-11, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Ресен-1, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Делчево-16, Пробиштип-3, Виница-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-3, Демир Капија-6 и еден во Пехчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 894 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-497, Куманово-21, Тетово-49, Прилеп-30, Гостивар-14, Штип-8, Битола-6, Велес-10, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-47, Струга-5, Кочани-4, Кичево-11, Свети Николе-6, Гевгелија-3, Неготино-21, Дебар-20, Ресен-4, Крива Паланка-15, Радовиш-2, Берово-12, Делчево-39, Пробиштип-4, Виница-4, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-2, Крушево-3, Македонска Каменица-16, Демир Капија-8, Пехчево-3 и еден од Дојран.
Починати се 21 лице, двајца пациенти од Скопје (87 и 65 години), еден од Куманово (75), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73), еден од Прилеп (84), еден пациент од Штип (78), еден од Охрид (69), двајца пациенти од Кавадарци (64 и 59), еден пациент од Кочани (71) и еден од Кичево (63).
Пациентите се починати во болнички услови, велат од ресорното Министерството, од каде што додаваат и дека од евидентираните починати, 10 се со датум на смрт од претходните три недели, кои денес биле пријавени во ИЈЗ.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 91.161, бројката на оздравени пациенти е 79.621, на починати е 2.812, а бројот на активни случаи изнесува 8.728. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 39.671, активни 4.855
• Куманово 5.139, активни 381
• Тетово 5.045, активни 326
• Прилеп 4.527, активни 186
• Гостивар 3.589, активни 218
• Штип 3.484, активни 142
• Битола 3.196, активни 161
• Велес 3.037, активни 257
• Охрид 2.749, активни 358
• Струмица 2.514, активни 288
• Кавадарци 2.504, активни 296
• Струга 2.186, активни 147
• Кочани 1.714, активни 82
• Кичево 1.704, активни 127
• Свети Николе 1.068, активни 30
• Гевгелија 973, активни 95
• Неготино 953, активни 88
• Дебар 741, активни 88
• Ресен 728, активни 101
• Крива Паланка 716, активни 44
• Радовиш 690, активни 43
• Берово 577, активни 37
• Делчево 575, активни 141
• Пробиштип 503, активни 39
• Виница 485, активни 31
• Валандово 325, активни 12
• Демир Хисар 243, активни 9
• Македонски Брод 242, активни 11
• Богданци 224, активни 29
• Кратово 218, активни 18
• Крушево 200, активни 26
• Македонска Каменица 190, активни 20
• Демир Капија 188, активни 26
• Пехчево 181, активни 11
• Дојран 82, активни 5
Направените 2.518 теста се преку: ИЈЗ – 438, ЦЈЗ Скопје – 65, „Авицена“ – 235, „Биотек“ – 298, МАНУ – 114, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 110, „Систина“ со PCR-метода – 202, лабораторија „Лаор“ – 138, Судска медицина – 5, ЦЈЗ Битола – 40, Инфективна клиника – 7, „Синлаб“ – 71, „Ремедика“ – 35, лабораторија во болницата во Козле – 16, ЈЗУ (рапид-тест) – 741, УК Пулмологија со алергологија – 3. Досега во земјата се направени вкупно 445.795 тестирања на Ковид-19.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот