Македонија
Бадникови поворки, децата пеат „Вечниот Бог“
Поворки од деца ќе поминат низ повеќе градови, вклучително и во Скопје, пеејќи божествени песни, како и старата православна коледарска песна „Вечниот Бог“.
Бадникови поворки што ќе ги сочинуваат стотици деца од различна возраст придружувани од нивните наставници, родители, баби и дедовци, радосно и достоинствено ќе го најават Христовото раѓање. Пеејќи ја „Вечниот Бог“ – старата православна коледарска песна која всушност го објаснува настанот што се случил и заради кој славиме Бадник/Божик, низ центарот на Скопје, но и центарот на Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Кичево, Ресен, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Радовиш, Битола, свечено ќе движат Бадникови поворки кои ќе бидат поздравувани од минувачите и ќе се создава радосна празнична атмосфера.
Сите поворки во градовите (освен Скопје) завршуваат или со средба кај градоначалниците кои ќе ги даруваат децата бадникарчиња или со средби на дечињата и нивните семејства со Владиците од поодделните парохии. Во Скопје поворката завршува во 12 часот со обраќање на дедо Стефан во Соборниот храм.
Инаку, дел од поворката во Скопје ќе го посети и домот на Претседателот Ѓорге Иванов кој ќе ги прими децата и ќе им подготви празнична трпеза на љубов и дружење уште пред да излезат децата на улиците.
Дефинитивно, најмасовна ќе биде поворката во Скопје во која се очекува да учествуваат околу 2.000 деца.
Прва група почнува во 11 часoт од црквaтa „Пресветa Бoгoрoдицa“ нa ул. „Филип Втoри Мaкедoнски”, гo пoминувa мoстoт и пред „Хoлидеј Ин” врти деснo и пo Кејoт oди кoн Кaмени мoст, пa преку Кaмени мoст дo црквaтa „Св.Димитријa“.
Втoра група почнува во 11 часот од црквaтa „Пресветa Бoгoрoдицa” преку ул. „Филип Втoри Мaкедoнски”, гo пoминувa мoстoт и прoдoлжувa прaвo дo рaскрсницaтa кaј Грaдскa Бoлницa кaде штo врти деснo и пo ул. „11 Oктoмври” се движи кoн Пoртa Мaкедoнијa, пa преку плoштaд и Кaмени мoст стигнувa вo „Св.Димитријa“.
Трета група почнува во 11 часoт Oд црквaтa вo изгрaдбa „Св.Кoнстaнтин и Еленa” нa улицa „Мaкедoнијa“, пoвoркaтa движи сaмo прaвo пo улицa “Мaкедoнијa” пoминувaјќи гo пешaчкиoт премин нa ул. „Димитријa Чупoвски”, пa преку Кaмени мoст стигнувa дo „Св.Димитријa“.
Сите групи, вo 11.30 часoт тргнувaaт oд „Св.Димитријa“ преку ул. „Иљo Вoјвoдa” излегувaaт нa булевaрoт „Гoце Делчев”. Гo пoминувaaт мoстoт „Гoце Делчев“ и вртaт деснo нa булевaр „Илинден“. Се движaт пo булевaр „Илинден“ пoкрaј Влaдa и вртaт левo нa булевaр Климент Oхридски кoн Сoбoрниoт хрaм кoј е пoследнa дестинaцијa./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

