Македонија
„Банка за храна“ го одбележа Светскиот ден против отпадот и загубите од храна

Денеска се одбележува Светскиот ден против отпадот и загубите од храна. Во рамките на планот и програмата на ФЕБА и ФАО 1st International Day of Awareness of Food Loss and Waste (IDAFLW), организацијата „Банка за храна“ се одлучи да даде конкретен придонес кон одбележување на овој ден.
Во глобалната кампања и акција се вклучија Владата, претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кои ѝ дадоа поддршка на иницијативата.
Во рамките на одбележувањето на 29 септември, „Банка за храна“ ќе реализира герила-акции во три града со цел да се сврти вниманието на јавноста.
Група волонтери собрани пред депонијата „Дрисла“ во Скопје, со подготвени промотивни банери, маици и лични пораки на самите волонтери, ќе протестираат пред влезот на депонијата.
Содржината на пораките на промо-банерите е дека е забрането фрлање храна и дека секој поединец што ќе помисли да фрли храна, ќе биде спречен во намерата, со однапред подготвени информации за количините што се фрлаат наспроти потребата од фамилиите и лицата во социјален ризик кои не може да си ја дозволат.
Денеска, неколку групи волонтери на БХМК, соодветно одбележени со маици и елеци, со однапред подготвена жолта лента, на која беше испишана поралата „СТОП за фрлањето храна“, запечатија неколку контејнери во Скопје, Кавадарци и во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси.
Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.
„Препознаваме дека вештачката интелигенција не треба да го замени човечкиот фактор во образованието, туку да го дополни и унапреди, создавајќи услови за персонализирано учење кое ќе одговори на индивидуалните потреби на секој ученик, студент и наставник. Оваа технологија треба да ни овозможи да создадеме образовна средина каде што секој поединец може да го развие својот потенцијал до максимум, независно од неговите почетни способности или социо-економски услови“, рече Јаневска.
Министерката посочи дека воведувањето на вештачката интелигенција во основното образование е првиот и најкритичен чекор. Децата прво треба да стекнат основно разбирање што е вештачката интелигенција, како функционира, каде се среќава во секојдневието и дека треба да се фокусираат на нејзиниот етички пристап.
„Учениците мора да научат да бидат критички кон информациите кои ги добиваат од ВИ системите. Треба да бидат свесни дека вештачката интелигенција може да прави грешки и да има пристрасности и затоа податоците и изворите мора да споредуваат. Во таа насока, улогата на наставникот е клучна и тој треба да ги води учениците низ процесот на критичко размислување и етичка употреба на оваа технологија“, нагласи Јаневска.
Информираше дека работна група на Министерството за образование и наука со професори од факултети по информатика, работи на подоготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.
Јаневска информираше и дека се дигитализирни најголем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како запишување на ученици во основно и средно училиште, нострификација на дипломи стекнати во странство, доделување на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови и аплицирање на конкурси од областа на науката. Воспоставен е систем за учење на далечина, а етапно се воведуваат и дигитални интерактивни учебници. Училиштата се опремуваат со современа ИТ опрема за безбеден интернет и креативна настава, а наставниците посетуваат обуки за да одговорат на дигиталните предизвици.
Меѓународниот самит за образовни технологии се организира по шести пат. Оваа година над 100 учесници – креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусираат на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција. На повеќе од 50 сесии на кои се дискутира за трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и се разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи.
Македонија
Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од „Вреди“ добило 9.000 евра од Општина Чаир

Општина Чаир исплатила речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири, во периодот откако стапила на функцијата, обвинува политичката партија Левица.
„Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција. Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир“, се вели во партиското соопштение.
Левица ја повика Антикорупциската комисија да постапи.
Македонија
Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час на место каде што е дозволено 80, информираа од МВР.
Тој бил сопрен кај клучката Камењане, а се работи за 29-годишник со иницијали Б.М. од селото Пирок, тетовско.
„При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час“, соопшти МВР.
Притив него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
MВР во повеќе наврати во изминатиот период на овој пат затекна возачи кои возат далеку од пропишаната брзина.