Македонија
(Видео) Баџанакот на Талат Џафери избран за член на антикорупциска
Нури Бајрами, еден од новоизбраните членови на антикорупциска комисија, е баџанак на собранискиот спикер Талат Џафери. Тој смета дека нема ништо спорно во неговиот избор и вели дека нема да потклекне под никакви притисоци и, според него, ваквата релација со Џафери нема да бидe пречка во понатамошната работа.
На прашање дали според него вработување во државна институција на блиски членови на семејството на претседателот на Собранието е случај со кој треба да се занимава комисијата, Бајрами вели дека треба.
Објаснувањето на Бајрами е дека тој сепак не е во роднинска врска со Џафери, дека спикерот не бил член на комисијата што ги бираше кандидатите и додаде дека законот регулира во кој случај треба да има изземање за да нема судир на интереси.
Антикорупционерот неколкупати се обиде да ги убеди медиумите дека ќе работи чесно и професионално и дека ќе го докаже тоа со својата работа во комисијата, откако претходно заедно со останатите членови на комисијата, дадоа свечена заклетва и ветија бескомпромисна борба против корупцијата, а претседателските избори ќе бидат еден од првите тестови за нивната работа.
Претходно со 65 гласа „за“ и 10 „воздржани“ беше избрана новата антикорупциска комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

