Македонија
(Видео) Баџанакот на Џафери со ждрепка избран за заменик-претседател на антикорупциската комисија
Нури Бајрами е избран за заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата по принцип на лотарија. Сите членови влечеа ливче на кое пишува член, а Бајрами го извлече ливчето на кое пишуваше заменик-претседател.
„Ова беше навистина по случаен избор. Шоуто тука да заврши и да почнеме со работа“, рече Бајрами.
Тој ќе биде на позицијата заменик шест месеци, а потоа по принцип на ротација ќе биде избран друг член.
Комисијата на денешната прва седница на дневен ред стави и точка за изборот на Бајрами за член на ДКСК и дали има судир на интерси во изборот по информацијата дека тој е баџанак со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

