Македонија
БГНЕС: И Главниот советник на претседателката Силјановска е државјанин на Бугарија
Отворениот противник на вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, Жидас Даскаловски, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, објави БГНЕС.
Проф. Даскаловски е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Тој доби бугарско државјанство по бугарско потекло во 2003 година, пасошот го обнови во 2022 година.
Во последната деценија македонскиот професор употреби различни дефиниции за Бугарија – од „голем брат“ до „окупатор“. Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка (2017), Даскаловски зборуваше за бугарски „нож во грбот на Македонија“, закани со вето итн.
Тој денес ја брани идејата на премиерот Христијан Мицкоски за таканаречените „уставни измени со одложено дејство“, пишува БГНЕС.
Министерката за енергетика Сања Божиновска беше прогласена за виновна за прикривање на бугарското државјанство и најави дека ќе ги праша своите адвокати дали се чувствува Бугарка. Сите членови на нејзиното семејство се носители на бугарски пасоши, се додава во објавата на БГНЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

