Македонија
Без струја делови на Карпош, Сарај и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:
-од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Панче Пешев (општина Карпош);
-од 9:45 до 14:00 часот, корисниците на дел од с.Семениште и с.Чајлане (општина Сарај).
-од 9:30 до 14:30 часот, корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров згр.бр.48 и згр.бр.50, зградата на мебел „Кристина“, поранешен објект на АРМ (општина Ѓ.Петров)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: ќе се врши детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки од видео надзор
Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете.
Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност.
Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна.
Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации.
Во текот на вчерашниот ден беше наредена и обдукција на починатите.
Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побара детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Гостивар
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2
Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
СДС сервилна знае само за патлиџан дипломатија и предавнички политики, руските играчи се во СДС и оние кои му дадоа државјанство на Онишченко, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС.
Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси.
СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа.
Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина.
Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси“. Наместо, како што додаваат од владејаќката партија, цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси.
Државата, според нив, заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Според ВМРО-ДПМНЕ, само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани.

