Македонија
Без струја делови од Скопје

Делови од Скопје одреден временски период ќе бидат без струја, информира „ЕВН Македонија“.
Од таму појаснуваат дека поради веќе закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат: од 9 до 10 часот сите стопански и нестопански субјекти на булеварот Борис Трајковски, кои се напојуваат од следниве трафостаници: „Градинар Лозар“, „Типо“, „Електроконтакт“, „Дизајн Пинтија“ и „Ник велк“ во општина Кисела Вода.
Потоа, во периодот од 9 до 13.30 часот без струја ќе бидат корисниците од с. Долно Соње, кои гравитираат кон с. Говрлево, општина Сопиште, а во периодот од 10 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од зграда бр. 31 на улицата 23 Октомври во општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените на Законот за здравствена заштита, со кои се предлга цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравство (ФЗО).
„Со измените во Законот, дијагонстицирање и лекување на ковид-пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари (н.з. од 650 до 5.000 евра)“, се наведува во објавата на министерот.
Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да…
Posted by Венко Филипче on Вторник, 13 април 2021
Тој појаснува дека државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19.
„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја“, посочува министерот, притоа повикувајќи ги сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на регулацијата на цените за здравствени услуги на ковид-пацинети во приватните болници.
Македонија
(Видео) Костовски: Заев секој месец ги плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски

Додека народот нема таблети и вакцини за Ковид-19, Заев секој месец го плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски, обвини Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Демир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на “Македонија пат”. И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец. 53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ. На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари“, рече тој.
Костовски додаде дека независен колумнист, и владин хонорарец во исто време е Петрит Сарачини, кој месечно од владата бил плаќан 42.000 денари. Според Костовски, Сарачини се продава како независен и непристрасен.
„Марко Михаилоски претседател на СДММ е уште еден од хонорарците чии имиња до вчера не беа објавени. Дали Михаилоски земал државна плата, а работел партиски задачи? Или партијата и државата тоа е исто за Заев и неговите“, праша Костовски.
Ова се само дел од таканаречените експерти и независни хонорарци, додаде тој, кои се платени со наши пари.
Македонија
Ивент индустријата и денеска ќе протестира пред Влада

Ивент индустријата и денеска ќе протестира пред Влада, од 12 до 15 часот.
„Најмалку што очекувавме од Владата беа медиумски оркестрирани напади кон нас и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија. Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани. Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé. А не работиме веќе 14 месеци“, велат од Асоцијацијата ИВАП.
Од таму велат дека пакетот мерки и еден или два милион ниту е донесен, ниту e објавен.
„Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите? На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје“, се наведува во соопштението.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш