Македонија
Без струја дел од Карпош и Бутел
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Мексичка. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 40 во нас. Радишани. (Општина Бутел)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Додека Скопје се гуши: Неспособноста и бизнис интересите на нелегитимниот министер за животна средина го загрозуваат животот на граѓаните, велат од ДУИ
„Во време кога Скопје е еден од најзагадените градови во светот, нашите граѓани се соочуваат со директна закана по животот од воздухот што го дишат секој ден. Оваа немилосрдна загаденост ги убива граѓаните тивко, претворајќи го секој здив во отров за нивното здравје“, велат од ДУИ.
„Додека болниците се полнат со граѓани кои се жалат на тешкотии со дишењето и здравствени проблеми поврзани со загадувањето, нелегитимниот министер за животна средина продолжува да се занимава со своите приватни интереси во казино бизнисот и многу други. Овој министер, избран не од граѓаните преку слободен и демократски избор, туку на состаноците на ВМРО-ДПМНЕ, е симбол на неодговорна власт која не се грижи за благосостојбата на граѓаните, туку за личните интереси на тесна група.
Како да не е доволно што нашите деца ги губат животите во клиники поради лошо управување, додека трошоците за живот се зголемуваат на нивоа што се неподносливи за многу семејства, сега и секој здив на граѓаните е чин што го загрозува нивното здравје и живот. Сето ова се случува затоа што оваа влада постојано не успева да преземе ефективни мерки против загадувањето, да обезбеди чист воздух и да го заштити животната средина.
Фактите се јасни: влада која не успева да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина, не може да се смета ниту за легитимна ниту за компетентна. Додека граѓаните ги трпат последиците од загадувањето, плаќајќи ја највисоката цена – своето здравје и живот – оваа влада останува рамнодушна, игнорирајќи ги итните повици за акција.
ДУИ повикува на итни и брзи мерки од надлежните власти за справување со оваа здравствена и еколошка криза. Граѓаните на земјата заслужуваат чист воздух, заштита од загадувањето и влада која ги штити и се грижи за нив, а не влада која ги остава на милост и немилост на околностите“, соопшти ДУИ.
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд
Претежно облачно со слаб дожд уште од ноќта, а потоа и преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.
Скопје
Викенд населбата Морани денеска без вода
Денеска поради уличен дефект на улицата 6/бб Морани, прекинато водоснабдување од 08 часот ќе имаат корисниците од викенд населба Морани во општина Студеничани.