Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска: Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат

Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Звонко Тасевски со Одлука на Собранието на ВМРО и ВЛЕН е избран за член на Републичкиот совет за безбедност на 12.11.2024 година. Звонко обучува полицајци од МВР, каде треба да пријавам закани. Звонко напаѓа, навредува и девалвира жени по нарачка. Не биди Звонко“.
Со докази за криминал, како што пишува Арсовска, ги бараат сите можни изговори за да не влезат во општина пред таму да ги уништат сите документи.
„Сите незаконски обиди за легализирање дивоградби им се фатени, нотирани и институционално се известувани 3 години, а фалсификатот со докази кои ги имаме го прават на 20.03.2025 година.
Затоа што никој од вработените во Град Скопје нема да дозволи некој да се богати со овој фалсификат, јас сум должна да ги заштитам и да не дозволам да се случува баш ова што се случува.
За заканите од криминалот на Ганиу, Меџити и Адеми зборувам јавно, а премиерот вели дека му е жал и да пријавам во МВР, но не сум била добра жена“.
Во исто време, како што додава во напишаното, биле издавани наредби во штаб да ја напаѓаат, девалвираат и навредуваат по сите основи како човек и жена.
„Но изгледа не им е јасно дека нема да се повлечам. А вие срам имате ли?
U.S. Embassy North Macedonia, Delegation of the European Union to North Macedonia, British Embassy Skopje, German Embassy Skopje, Јавно Обвинителство на Република Македонија“, напиша Арсовска.
Македонија
Општина Аеродром: Заеднички да ја прославиме 12 титула на МЗТ, вечерва дружба со шампионите

Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ ги покануваат навивачите, симпатизерите и љубителите на спортот на традиционалната средба со шампионскиот тим вечерва, со почеток во 19 часот пред платото пред хотелот „Русија“.
„Идејата за средба со кошаркарите на МЗТ е заеднички да ја прославиме нивната дванаесетта титула на МЗТ. Ова е совршена можност фановите да се сретнат со своите спортски херои – кошаркарите и тренерите кои уште еднаш ја одбранија бојата на клубот и ја исполнија Општината со гордост. На средбата се очекува потпишување автограми, заедничко фотографирање, како и добра музика и одлична атмосфера“, велат од ооштина Аеродром.
Настанот е отворен за сите навивачи, семејства, деца и сите што сакаат да бидат дел од ова спортско славење.
Македонија
Герасимовски со легендите на Работнички: Ќе имате своја ложа, а салата ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со ветераните на македонската кошарка: Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски – во „Апче“, во срцето на Дебар Маало.
На средбата се разговараше за славните денови на Работнички, сегашните состојби и иднината на клубот.
Герасимовски предложи реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската професионална кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига.
Ветераните едногласно го поддржаа предлогот. „Лазар Лечиќ заслужува да биде дел од историјата на салата , тој беше човекот кој не научи да играме со срце и тимски дух“, пораачаа поранешните кошаркари.
Герасимовски ги информираше ветераните дека во рамки на реконструкцијата на салата на Работнички ќе се предвиди и одвоен простор – ложа наменета токму за нив.
„Салата ќе има своја ложа за ветераните, за да имате свое место кога ќе доаѓате и ќе нè посетувате на тренинзите и натпреварите. Откако ќе ја завршиме реконструкцијата, ќе ве информираме навреме за секој настан и натпревар – ќе ни биде голема чест да бидете со нас и да ја споделите енергијата со младите генерации“, рече градоначалникот.
Градоначалникот посочи дека реконструкција на салата се реализира со забрзано темпо. Со бетонирање на подлогата, отпочна втората фаза на градежните активности што предвидува целосна обнова и проширување на теренот, поставување нова еластична подлога според ФИБА стандардите, обновување на гледалиштето со нови седишта, реконструкција на соблекувалните и туш кабините, како и поставување на климатизација и подно греење.