Контакт

Македонија

Без струја дел од општина Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот се планирани исклучувања во електро-системот во делови од општина Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода.

Во нивното соопштение се наведува дека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Борка Талески“ во општина Карпош.

Понатаму се додава во соопштението, во периодот од 08:30 до 10:00 часот без екетрична енергија ќе бидат и корисниците од ЕКО КЛУБ во кругот на МЗТ, дел од МЗТ (Заеднички служби), фирмата Ариље Метал во близина на трафостаницата МЗТ и потрошувачите во близина на трафостаницата, во општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, во општина Студеничани, додека пак корисниците улицата „Благоја Гојан“ броевите 4А, 4Б, 14, 16, 18 и 20 во општина Кисела Вода, без електрична енергија ќе останат во периодот од 08:00 до 13:00 часот.

Македонија

Полициски синдикат: Без дијалог се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии

Објавено пред

Во овој период на техничка Влада се соочивме со многу невообичаени и несекојдневни ситуации, велат од македонскиот полициски синдикат преку соопштение.

„Добро се сеќаваме на кризните ситуации кои за малку што не ескалираа, а беа предизвикани од инсистирањето по секоја цена да се направат кадровски промени во министерството. Со наша помош и залагање ова се реши. Но, тензиите не стивнаа и понатаму. Се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторно без дијалог. Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваат во организациски единици за кои не се надлежни и тоа создава збунетост кај Вас. Токму во овие моменти на политички борби Вие имате обврска да се издигнете над политиката и да не дозволите партиски влијанија да Ве водат.

Да не дозволиме оваа “техничка” ситуација во министерството да ги наруши капацитетите и довербата која граѓаните ја имаат во македонската полиција“, наведуваат од синдикатот во соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска: Државата и граѓаните не може да ја платат цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Државата и граѓаните не може да ја платат цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Радмила Шекеринска запрашана од новинарите во Битола дали се знае кога ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и дали воопшто ќе продолжат.

„Вие знаете дека направивме се да постигнеме договор и да испратиме порака и до нашите институции за спроведување на изборите и до фирмите, и до државните институции но пред се до граѓаните, дека како држава знаеме да носиме одлуки и да создаваме една предвидлива клима. За жал во последниот период и ВМРО-ДПМНЕ избегнуваше средби на којшто работите ќе се пресечат и ќе се договорат. Ние никогаш нема да бидеме таква партија, секогаш ќе го бираме разговорот и секогаш ќе даваме предност на консензусот, меѓутоа консензус не може да значи запирање на се во државата, консензус не може да значи да се држат граѓаните и државата во заложништво“, рече Шекеринска.

Додаде дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат средби и ќе разговараат секојпат кога ќе постои за тоа потреба и иницијатива, меѓутоа за СДСМ е јасно дека целта е на најголем можен број на граѓани да им биде шанса да гласаат, а од друга страна целта е на сите овие граѓани, дел којшто очекуваат финансиска помош од државата, дел којшто очекуваат помош за фирмите, да им биде дадена шанса државата да функционира во полн капацитет.

„Јас се сеќавам на многу средби со претставници на граѓаните, невладини организации особено бизнисот, прва порака која ни ја упатуваат секогаш е: ‘Аман кога ги правите изборите нека биде кратко, ефикасно оти се запира’. Кај нас, ние сме во таква атмосфера и во пред изборно расположение уште од февруари. Ниту една држава ова не може да си го дозволи финансиски, економски и социјално, а особено не во сред на пандемија светска. Затоа направивме се, ќе разговараме ама државата не смее да ја плати цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Објавено пред

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот на СДСМ, Зоран Заев на „Фејсбук“.

Заев нагласува дека одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции.

„Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам. Време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со Ковид-19“, пишува Заев.

Претседателот на СДСМ додаде дека носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржани биле координативни состаноци, носителите делеле маски и разговарале со локалното население.

„Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје“, пишува Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија4 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија8 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт9 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија9 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија9 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија10 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија10 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија10 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија12 часа

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет13 часа

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија13 часа

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет14 часа

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Македонија14 часа

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Македонија14 часа

Почнува четвртата вонредна состојба

Почнува четвртата вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи вчера по состанокот на Советот за безбедност. Вонредната состојба ќе...

Македонија1 ден

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија1 ден

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија1 ден

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија1 ден

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија1 ден

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Досие