Македонија
Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот.
„Продолжување на работното време, најверојатно, ќе има од 21 јануари, а до кога ќе биде продолжението, ќе зависи од предлогот што ќе го даде Комисијата за заразни болести. Имајќи ја предвид ситуацијата, јас мислам дека би требало да биде до 23 часот. Тоа е моето видување“, рече Бектеши.
Според неговите сознанија, вели дека не се работи на изготвување нови протоколи за работењето на угостителските објекти.
„Постојните мерки се со важност до 21 овој месец. Во согласност со сите податоци што ги имаме ние како Влада и во склоп на кризниот штаб, се предвидува да се продолжи работното време. Има неколку опции, мислам дека на 21 овој месец, кога ќе имаме и кризен штаб, навремено ќе ги информираме сите угостителски објекти. Но, најверојатно, ќе има продолжување на работното време на угостителските објекти“, повтори Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата нема конкретен датум за пристигнувањето на кинеската и руската вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во следните неколку дена би можел точно да каже кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини во земјата.
„Не би сакал да шпекулирам“, рече министерот Филипче, пршан кога овие вакцини ќе ни бидат доставени.
Тој нагласи дека продолжуваат интензивните разговори со производителите.
Македонија
Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март, соопшти владејачката партија.
Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ, Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.
„Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев“, велат од партијата.
Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.
Македонија
„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ.
Екипа на Брза помош му помогнала на лице место, а во стара Градска болница раката му ја ставиле во гипс.
„Бев качен на средишната жардиниера на булеварот кога ме погоди бекатон коцка в грб. Изгубив рамнотежа и да не паднам во жбуновите се извртев и паднав право во шахта без капак на улицата. Едната нога ми пропадна и ја скршив раката“, вели Столковиќ кој вчера останал до 21 часот во полициска станица за да даде изјава.
Колегите имаат снимка од моментот на ударот и од тоа како паѓа, која Столковиќ рече ќе ја објави кога ќе ја добие.
„Сега сум добар. Ми рекоа дека 50 дена ќе треба за да ми заздрави раката, толку години сум имал“, вели тој.
За повредите на Стоилковиќ јави и МВР.
„Вчера околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот ’Монструм’, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер