Македонија
Бистра и Петар се првородените бебиња во Битола
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола.
„Битола доби два нови жители, две малечки души, две бебиња. Првото е женско Бистра, се надевам дека ќе ни ја избистри годината, ќе ни донесе радост и среќа на сите нас и второто е Петар. Двете мајки се битолчанки, ова им се први бебиња. Им посакавме среќа, убавини во животот и уште
многу дечиња“ рече градоначалникот Коњановски.
Пригодни подароци, финансиска помош и од општината и од приватни фирми.
„И двете мајки и двете бебиња се во добра состојба“, рече доктор Тихомир Велевски, специјалист по гинекологија и акушерство.
Првото бебе е со родилна телесна маса 3300 грама, а второто бебе со родилна телесна маса 3460 грама.
Директорката на Клиничката болница Ненси Лозанче рече дека двете мајки се прворотки и декародено прво женско дете е бериќет, и дека таква ќе биде годината- бериќетна и успешна година. Таа се заблагодари на целиот персонал кој ноќта ја помина работно.
Релативно мирна ноќ имало на одделенијата во однос на интервенции на новогодишната ноќ, рече директорката Лозанче, а градоначалникот Коњановски кажа дека ја посетил и Итната медицинска служба каде го информираа дека ситуацијата во Битола била мирна, во смисла на интервенции.
Коњановски беше и во посета на детското одделение каде на хоспитализираните деца им посака среќна Нова година и им подари новогодишни пакетчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство
Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за здравство.
„Меѓу нив се: Д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД, кој има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. Исто така, како експерт е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни списанија во оваа област.
Д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, со повеќегодишно работно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој воедно е и доктор на науки на Универзитетот во Марибор и има објавено повеќе стручни трудови посветени на кардиоваскуларната хирургија.
Д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство на одделот за кардиологија (единица за коронарен третман), при Универзитетскиот медицински центар Љубљана. Овој експерт, исто така, има стекнато титула доктор на биомедицински науки на Универзитетот во Љубљана. Тој во рамки на својата експертиза бил ангажиран како истражувач на престижниот „Cedars-Sinai“ медицински центар во Лос Анѓелес, САД“.
Македонија
(Видео) Крај на партиски вработувања во здравството и заштита на бремените работнички, нови предлог закони најавија од Левицата
Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, на прес конференција најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесе два закони во Собранието со цел да се стави крај на, како што наведуваат од оваа партија, неправдите во јавното здравство и на системската дискриминација на бремените работнички.
Првиот закон, се однесува на процесот на вработување во јавното здравство, кој, како што рече Мециновиќ, и покрај формалните законски одредби за транспарентност, во пракса е партизиран.
„Иако законот за здравствена заштита предвидува јавен оглас и рангирање врз основа на стручност и компетентност, во пракса се случува спротивното. Членот 161 му дава дискреционо право на директорот на здравствената установа да избере кого ќе вработи, дури и ако тој кандидат не е прворангиран. Следствено, имаме бројни случаи кога најдобрите кандидати не беа избрани, а целата постапка се сведуваше на формалност со однапред познати одлуки“, изјави Мециновиќ.
Тој нагласи дека ваквата практика довела до обесхрабрување на младите и квалитетни здравствени работници, губење на довербата во институциите и одлив на дефицитарен медицински кадар во странство.
„Предлагаме едноставно и јасно решение. Во член 161 се додава една реченица која гласи: ’Работодавниот орган мора да го избере најдобриот кандидат согласно редоследот на ранг листата’. Ништо повеќе, ништо помалку. Ова значи крај на дискрецијата и крај на партиските вработувања и клиентелизмот во јавното здравство“, порача Мециновиќ.
Вториот предлог закон се однесува и на измени во зЗконот за работни односи и има за цел да се заштитат бремените жени кои работат со договор на определено време.
„Иако формално законите забрануваат дискриминација врз основа на бременост, во пракса постои сериозна правна дупка. Бремената работничка ги ужива сите права додека трае договорот, но со истекот на договорот на определено време ги губи сите права поврзани со бременоста и родителството. Ова е чиста институционално дозволена дискриминација“, рече Мециновиќ.
Според него, проблематична е одредбата од член 101 став 3, која дозволува престанок на работниот однос и покрај бременоста. Левица предлага три клучни измени: автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време со доставување на лекарска потврда за бременост, бришење на можноста за престанок на работен однос поради истек на договорот и воведување строги казни за работодавачите кои нема да ја почитуваат оваа обврска.
„Со ова се обезбедува континуитет на правата поврзани со бременост и породилно отсуство и се испраќа јасна порака дека мачинството не смее да биде каза ниту ризик за егзистенцијата“, истакна тој.
Мециновиќ оцени дека актуелната состојба е показател за длабока дехуманизација на законските решенија. „Државата има обврска да ги заштити мајките, децата и правото на достоинствен труд. Не можат никакви економски индикатори, никакви финансиски извештаи на поединни работодавци, приватни или државни, да бидат во надредена положба над егзистенцијата на граѓаните, особено кога станува збор за бремените жени“, додаде пратеникот.
Потсети дека Левица и претходно предложила мерки како дуплирање на породилното отсуство, флексибилно работно време за млади родители во првите пет години од животот на детето и бесплатен превоз за млади родители, но ниту една од нив не била прифатена. На крај најави дека двата законски предлози ќе бидат доставени до сите пратеници и повика на нивна поддршка без разлика на партиската припадност.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Покачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и Левица
Покачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и на Левица. Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски.
Трендафилов бара зголемување од 5-% на минималната плата, за само една година, а изминатите 7 години во време на СДС, минималната плата вкупно не се зголеми за 50%. Дополнително, ССМ и Трендафилов, не ги слушнавме ниту еднаш да говорат дека во времето на СДС се живееше тешко, со двоцифрена инфлација, со скапи цени по маркетите и со сметки за струја високи до плафон. Тогаш за Трендафилов и ССМ изгледа добро се живеело“.
Но, сепак ВМРО-ДПМНЕ е партија, додава тој, која размислува за иднината и доброто на работниците.
Единственото моментално решение за зголемување на платите и на минималната плата според него, а притоа да немаме економска криза, висока инфлација и дупки во буџетите, е зголемување на платите за околу 14% во април годинава, а вкупно околу 40% до 2028 година или во бројка над 10.000 денари би се зголемила платата во администрацијата за само 2 години од денес.
„Го повикуваме Трендафилов барем еднаш да ја остави политиката на страна и да размислува за граѓаните и работниците. Да го прифати предлогот на Владата и работниците да добијат зголемени плати“.

