Македонија
Битиќи: Охридскиот договор е рамка за меѓуетнички соживот, рамноправност, заедништво и мултикултурализам
Добри меѓуетнички односи, социјална кохезија, недискриминација и толеранција, нивно имплементирање и континуирано практикување се основните постулати на Охридскиот рамковен договор,кој денес одбележува јубилејни 20 години од неговото потпишување, порача вицепремиерот Фатмир Битиќи.
„Сите луѓе во оваа земја заслужуваат да живеат достоинствено, да имаат еднакви права и слободи. Токму затоа е важен Охридскиот договор, бидејќи тој донесе нови можности за сите заедници, за сите луѓе еднакво да се вклучат во развојот на нашата земја. На него треба да гледаме како документ кој претставува основа за остварување на граѓанските права на сите граѓани, независно од нивната националност, и токму затоа сметам дека и понатаму треба напорно да работиме на неговото имплементирање. Затоа што тоа е правилно, и бидејќи е во согласност со современите европски вредности, кон кои тежнееме како општество. Една татковина, едно општество, за сите!“ истакна тој.
Според него, придобивките од Рамковниот договор се видливи. Донесени се голем број закони, законски измени и дополнувања, од кои, како што рече, најголем дел се закони за недискриминација и правична застапеност, потоа во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта, како начин за рамномерен економски развој. На овој начин, рече Битиќи, се осигуруваме дека секој граѓанин ќе добие достоинствен живот бидејќи секој заслужува еднакви шанси.
„Охридскиот рамковен договор е рамка за меѓуетнички соживот, за рамноправност, заедништво и мултикултурализам. Иако нè потсетува на воениот конфликт, истовремено испраќа порака истиот да не се повтори, и секогаш проблемите да се решаваат на мирен и достоинствен начин. На крајот, Охридскиот рамковен договор ги отвори вратите сите да се чувствуваат рамноправни и сите поддеднакво да се вклучат во развојот на оваа држава“, заклучи Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

