Македонија
Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

Благодарение на Владата на СДСМ и политиките во земјоделскиот сектор, за првпат во 2024 година лозарите добиваат загарантирана откупна цена. Во Март 2024 година се донесе новиот закон за Вино каде што за првпат се утврдува гарантирана цена која се добива со пресметка на производната цена и нејзино зголемување за 25%, велат од СДСМ.
„За жал, иако ова решение кое беше донесено заедно со лозарите и винариите, деновиве по објавувањето на производната цена може да се воочи незадоволството и кај лозарите и кај откупувачите, пред се заради нетранспарентниот пристап со што останува нејасно како и врз основа на кои параметри во еден исклучително краток период е дојдено до оваа пресметка. Во периодот пред нас започнува и екот на бербените активности.
Ја повикувам Владата и ресорното министерство да ја реализираат исплатата на дополнителните субвенции од 1 денар за предаден килограм грозје од реколта 2023 година. Од голема корист на земјоделците, а пред се на лозарите ќе биде започнувањето на распределбата на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација т.н зелена нафта. Со донесувањето на програмата за земјоделство на почетокот на 2024 година, Владата на СДСМ обезбеди 10 милиони евра за поевтина нафта за земјоделците. Со оваа мерка за лозарите се обезбедени 9600 денари / хектар. Внимателно ќе го следиме целокупниот процес на откуп на грозјето од реколта 2024 година и ќе предлагаме мерки и политики за одржување на благосостојбата на лозарскиот и винскиот сектор, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше.
Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ.
„Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се живее со 400 евра, а Славевски дури смета дека и тоа е многу. Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра, а ние, наместо да одиме напред, тапкаме во место“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека СДСМ има конкретен план за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, но дека оваа влада нема слух за реалните потреби на граѓаните.
„Ние не зборуваме за бројки, туку за луѓе, за семејства што едвај врзуваат крај со крај. Затоа е важно на 19 октомври сите да се обединиме и да ја поддржиме бројката 5, за политика која носи раст, правда и достоинствен живот за сите,“ порача Филипче.