Македонија
Богојески: Нема разлика меѓу Заев и Мицкоски, такви политичари треба да заминат во историјата
Изминативе 30 години се наслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите, а ветувањата се потполно исти, рече на денешната прес-конференција Петар Богојески од Македонски концепт, носител на листа во Првата изборна единица.
„Можам само да констатирам дека нема разлика помеѓу господинот Заев и господинот Мицкоски, со една забелешка дека Мицкоски е најдобриот лидер на опозиција, но само за Заев, а не и за Македонија. Сите ние сакаме промена на власта во Македонија, но тоа нема да се случи ако гласате за Мицкоски и нема да биде симната елитата што 30 години го прави истото со нашата држава“, посочи претставникот на Македонски концепт.
Како што рече Богојески, тоа што криминалците политичари не одговараат пред законот најмногу им одговара на овие двајца лидери, а со тоа само се продолжува злоупотребата на јавните политички функции за семејно богатење.
„Наместо лаги и лични интереси, сите ние од Македонски концепт се залагаме за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело – лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите што се на јавни функции почнувајќи од мене. Со вакви закони ќе дојдеме до вистински граѓански парламент, кој ќе работи во функција на граѓаните и само за интересите на граѓаните. Само гласот за број 10 е глас за победа на граѓаните врз политичарите“, заклучи Богојески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

