Контакт

Македонија

Боки 13, Јанева и Милевски седнуваат на обвинителна клупа за „Рекет“

Објавено пред

Судот им ги отфрли сите приговори на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски и во целост го одобри обвинението за предметот „Рекет“.

„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на не јавна седница одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решение со кое приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопшти судот.

Предметот ќе биде распределен кај судија, по што ќе биде закажано и првото рочиште.

Случајот „Рекет“, Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скопје, а Зоран Милески-Кичеец со одлука на судот беше префрлен во домашен притвор.

 

Македонија

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена во петокот (29 мај), ја информира јавноста дека почнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда.

Ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и ќе се воспостави нов распоред за седење на странките во согласност со препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот.

Поради тоа, денеска и утре (1 и 2 јуни), судот ќе постапува само по итни, притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ, како и во изминатите два месеца, а од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите други насроечни судења во согласност со календарот за судење објавен на веб-страницата на судот.

Прикажи повеќе...

Македонија

За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

Објавено пред

За само еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, во Град Скопје поднесени се 696 барања од граѓани за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет, информираат градските власти.

Годинава новитет е тоа што граѓаните ќе може да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 1 јануари 2020.

Средствата што Град Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход.

Повиците ќе бидат отворени до 30 ноември годинава или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот прв дојден, прв услужен.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција за купување велосипед, а тоа важи и за субвенција за електричен тротинет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градоначалникот на Бутел во самоизолација по средба со заразената директорка на УЈП

Објавено пред

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, од вчера е во самоизолација поради средбата со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е позитивна на Ковид-19.

„По вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид-19 на Сања Лукаревска, а поради средбата што ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација и покрај тоа што при нашата средба и обајцата целосно ги почитувавме мерките за заштита“, напиша Смилевски на својот фејсбук-профил.

Тој додава дека денеска го направил тестот на Ковид-19 и резултатот го очекува во текот на утрешниот ден.

„Во моментот немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Ѝ посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска, но и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот, да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита“, пишува градоначалникот Смилевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија14 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија15 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија16 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија16 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион18 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија18 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија18 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија19 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија20 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија20 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија20 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет21 час

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет21 час

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет1 ден

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија1 ден

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија2 дена

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт2 дена

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија2 дена

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие