Македонија
Борисов разговараше со Заев за несреќата: Подготвени сме да испратиме хеликоптер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/bojko-borisov.jpg)
Бугарскиот премиер, Борко Борисов, телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев за несреќата со паднатиот авион во кој загина семејство од Бугарија.
„Од синоќа сме во комуникација, прават сè што е возможно да стигнат до паднатиот авион. Нашиот хеликоптер е подготвен од синоќа. Засега се смета дека ќе стигнат, иако локацијата е многу тешко пристапна. Се надевам дека ќе успеат најбргу што може за да ја видиме и причината за несреќата“, изјави Борисов.
„Во постојана комуникација сме со колегите од Република Северна Македонија. Се прави увид на местото и се работи на утврдување на причините за несреќата“, рече на прес-конференција бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.
Од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тој вели дека добил уверување дека Северна Македонија располага со ресурси за да може да се справи со првите и неодложни дејствија, дека Бугарија ѝ понудила помош и е на готовс за сè што е потребно за помош во текот на увидот и истражните дејствија, како и тоа дека ќе се врши проверка за техничката исправност на леталото.
,,Цесната” која се урна вчера на Солунска Глава, при што загина семејство од Бугарија, се наоѓа на непристапен терен и засега нема услови да се извлече. Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.