Македонија
(Видео) Васев: Во ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на починати и работат против здравството
Морбидноста во ВМРО-ДПМНЕ достигнува огромни размери. Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски ги следат и во Унијата на младите сили, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Вчерашното поставување плакат, кој алудира на смрт, пред Министерството за здравство, од страна на претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски, е уште еден морбиден, срамен чин“, порача Васев.
Тој посочи и фотографии за кои рече дека се уште еден доказ за морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и за дното што го допрела оваа партија.
„За неверување е дека ДПМНЕ-морбидна им се руга на семејствата што загубиле свој член од коронавирусот, дека се радува и слави за бројот на почитани лица“, истакна претставникот на СДСМ.
Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, никакво право да глуми загриженост за состојбата со коронавирусот.
„Малку им беше тоа што ги прекршуваа мерките, што го поткопуваат здравствениот систем, сега прават и настани со кои застануваат на страната на вирусот“, рече Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

