Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Ковачевски води чудна мачо-игра, тој нека одреди ден за средба на работните групи за предвремени избори

Објавено пред

Димитар Ковачевски води некоја чудна мачо игра која не ја разбирам навистина. Не знам кој е тој кој што го советува дека сега е моментот да биде мачо и да каже нема предвремени избори, јас кажувам дата. Во ред, еве сѐ нека каже тој. Не сакаше лидерска средба, добро, сакаше работни групи, во ред еве прифаќаме работни групи. Сега ја одолговлекува целата оваа ситуација не знам од кои причини. Првиот момент кога од другата страна ќе добиеме сигнал или од Талат Џафери ќе добиеме сигнал ние сме подготвени да номинираме претставници коишто ќе бидат дел од овој процес, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Oпштина Гази Баба во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, одговарајќи на новинарско прашање околу работните групи кои требаше да се формираат за да се дефинираат процесите околу одржувањето на изборите.

dobivaj vesti na viber

Додаде дека повеќе нема да коментира во оваа насока и побара да предложат датум, кога да се сретнат овие работни групи, се со цел да ги дефинираат процесите кои се многу важни за иднината на Македонија.

„Еве нема предвремени избори мај месец, 8-ми мај не се предвремени, редовни избори се. Да, му признавам, секоја чест, како тој што кажа, така излезе. Еве како тој што ќе каже и дата и ден, кој што ќе каже, ќе се сретнат тие работни групи. Само нека се сретнат и нека разговараат. Тоа што тие ќе го предложат, тоа ќе го разговараме. Еве ние ништо веќе не коментираме затоа што се плашам дека што и да кажам, неговите советници ќе му кажат е сега Христијан ќе каже, има ти да кажеш. Ти треба да бидеш тој кој што е мачо политичар. Еве тој нека биде. Еве ние ќе слушаме и како тој ќе каже, така нека биде“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Тој нека одреди датуми, нека одреди ден кога тие работни групи ќе се сретнат и нека ги дефинираат процесите бидејќи се исклучително важни тие процеси за иднината на Македонија, а месеци не делат. Ќе ве потсетам ние имаме во моментов проблем, бидејќи имаме Државна изборна комисија која што не работи согласно законот. Зошто не работи? Затоа што не се 7 членови, туку 6. Имаме по закон јасно дефинирана структура на Државната изборна комисија, 4 члена на власт, а 3 члена на опозицијата. Ние имаме 2 члена на опозиција и власта опструира номинирање на член од опозицијата“, рече Мицкоски.

Македонија

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Објавено пред

Од

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, алармираат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.

dobivaj vesti na viber

„Ако некогаш важеше за специфичен дел на градот, исполнет со занаетчиски дуќани и стари градби, денеска оваа улица скоро сосема го изгубила својот лик и значење. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива. На прстите од една рака се бројат старите градби кои му одолеваат на времето. Денеска тука доминираат ресторани и угостителски објекти кои ја окупирале улицата и за минувачите и велосипедистите оставиле само еден тесен премин. И наместо институциите да диктираат што и како може да се гради, сведоци сме изминативе децении дека тука веќе почнаа да се градат високи објекти со нетипичен стил. Не се применува нити онаа омилена за Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид факсимилна реконструкција“, велат од таму.

Додека „стручната фела“ замижува и се прави наудрена, велат од Охрид СОС, деновиве кон крајот на чаршијата се подигнува еден огромен објект, кој според обемот и големината отскокнува од околните објекти.

„Минатата година, за да започнат градежни работи на овој дел, службите на Општина Охрид исекоа неколку децениски стебла, а од механизацијата е оштетено и партерното уредување. Но ништо од тоа не е важно, ако се знае дека институциите на прво место го ставаат интересот на поединците, наместо јавниот интерес. Објектот е видлив и од страната на паркингот. Додека се предлага градот да формира стручно тело кое ќе комуницира со УНЕСКО, „еден Борд кој ќе го сочинуваат архитекти и други професионалци“ неповратно го губиме културното наследство и специфичните градски четврти“, алармираат од Охрид СОС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Викендов многу топло време, со локален дожд

Објавено пред

Од

Во деновите од викендов ќе се задржи многу топло време, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНАМ конституира Градска организација: „Скопје не смее да биде ничија колатарелна штета“

Објавено пред

Од

Официјално се конституира Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје. Од Движењето велат дека овој чекор не е само формалност туку е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба.

dobivaj vesti na viber

„Ова е гласна порака, од срцето на државата, од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, своја структура и своја сила. За претседател едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, Магистер по електротрехника и информациски технологии дипломиран електро инженер, актуелен заменик министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со претходно долгогодишно искуство на разни менаџерски позиции во автомобилската индустрија и електро енергетиката“, велат од ЗНАМ.

Дел од Градската организација се професори, архитекти, лекари, уметници, спортисти, претприемачи, активисти…

„Совеста, знаењето и духот на Скопје – овие граѓани на нашиот град – ја избраа вистинската промена со Движењето ЗНАМ. Овие храбри и одважни луѓе не се партиски послушници ниту политички марионети. Тие не се функционери по задача, ниту сенки на некои центри на моќ. Ова се личности со непобитен кредибилитет, со изграден авторитет и биографии кои вредат многу повеќе од празните изборни ветувања. Тие се оние што долго време беа разочарани, отуѓени и тивки“, велат од ЗНАМ.

Од таму велат дека потиснат од алчност, поделби и тивка диктатура, Скопје го изгубило сјајот, но не и силата.

„Скопје не смее да биде ничија колатарелна штета ниту пак заложник на тајни коалиции во политичкиот театар на елитите. Од денес, Градската организација на ЗНАМ – Скопје станува бастион на слободата, креативноста и урбаната визија. Ќе бидеме платформа за секој кој има идеја, решение и љубов кон својот град. Ќе проодолжиме да бидеме чувари на јавниот интерес. Ќе им го вратиме градот на неговите жители – без елитизам, без поделби и без скриени агенди“, велат од ЗНАМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија4 часа

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија4 часа

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет4 часа

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет5 часа

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет5 часа

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија6 часа

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура6 часа

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија17 часа

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија21 час

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија22 часа

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија1 ден

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во...

Македонија1 ден

„Шоферот го унапредил во службеник, вработена во кабинетот ја поставил за претседател на Управен во Опера и Балет, зошто на Љутков му се дозволува аздисување“, прашува СДСМ

„СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков....

Македонија1 ден

Арсовска: Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат

Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска....

Македонија1 ден

СВР Скопје го расчисти убиството во обид од 1 јуни, поднесени кривични пријави против три лица

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес-клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение...

Европа1 ден

(Видео) Нови сателитски снимки го откриваат обемот на историската украинска операција

Новите сателитски снимки и снимките од нападот со дронови покажуваат сериозни оштетувања на руските авиони во неколку воздухопловни бази за...

Свет1 ден

Севернокорејскиот лидер вети безусловна поддршка за Русија на средбата со Шојгу

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во вторникот, објави државната...

Свет1 ден

Трамп им забрани на странските студенти да се запишуваат на „Харвард“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го суспендира приемот на странски студенти на Харвард за шест месеци, наведувајќи ги загриженоста...