Контакт

Македонија

(Видео) Алаѓозовски: Ја поставуваме културата на повисоко ниво, со целосно вклучување на граѓаните во креирањето на програмата

Објавено пред

Граѓанското учество стана главно обележје на нашето работење, во таа смисла е и денешната трибина и денешните говорници кои иако не се партиски членови, некои од нив одамна се со нас и ни помагаат во креирањето на програмата и стратегиите во културата, посочи Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на трибината на СДСМ “Агенда – Култура 20-24”.

„Остануваме посветени на европските вредности и развој, затоа ако нашата земја ако сака да стане дел од европското семејство мора да ги следи тие политики, најбитно е дека културата игра клучна улога во менувањето на нашата свест, свеста на нашите граѓани, а преку европските политики и концепт ние ги негуваме и ги спроведуваме во нашата програма. Ако претходно беше слободарска култура, сега таа треба да се насочи кон развој на културата следејќи ги европските трендови“, посочи Алаѓозовски.

Алаѓозовски посочи дека културата е клучна од аспект на граѓаните и нивно учество во општествениот живот и затоа треба да водиме политики кои ќе го зголемат опсегот на луѓето кои се вклучуваат во целокупниот општествен живот во културата.

Модниот дизајн, филмската уметност и креативната економија е она на кое треба да останеме фокусирани во следниот период, вградувајќи ги во програмата Наша задача е да ја поставиме културата на ново, повисоко ниво, заклучи Алаѓозовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Две лица со возило бегале од полицијата во Радовиш за време на полициски час, па удриле во бетонски ѕид

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлог за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Двајца од обвинетите биле предупредени од полициски службеници кај викенд населба на планината Плачковица за забраната на движење, но се упатиле по регионалниот пат кон Радовиш. На даден знак не застанале на полициска контрола кај селото Шипковица, ниту пак застанале на полициска контрола кај с.Раклиш. Потоа со возилото удриле во бетонски ѕид кај ГП Техника и без да застанат продолжиле да се движат по регионалниот пат кон с.Ораовица, каде во 00.30 часот од страна на полициски службеници биле пронајдени во нивниот дом. За стореното кривично дело, обвинителството предложи на судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Третиот обвинет на 25.03.2020 година, во 00.50 часот во Радовиш, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, бидејќи во време на забрана на движење на населението од 21 до 5 часот, со восило се движел по градот. Основното јавно обвинителство Радовиш предложи на судот на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.

Четвртиот обвинет го сторил делото на 24.03.2020 година, во 22.45 часот во с.Раклиш, општина Радовиш, кога за време на полицискиот час, со возило се движел по регионалниот пат Радовиш – с.Раклиш. Паричната казна која е предложена до судот за овој обвинет е во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.​

Прикажи повеќе...

Македонија

Шест плотуни од артилериски орудија ќе бидат попладнево истрелани поради приемот во НАТО

Објавено пред

Денеска со почеток во 18 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод приемот во НАТО, најавија од Генералштабот на Армијата.

За таа цел, од касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе бидат истрелани шест плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно претседателот Стево Пендаровски информираше дека денеска во 11:30 часот, според американско време, ќе се случи чинот на нашето формално зачленување во НАТО-алијансата, во главниот град на САД.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вратени 118 македонски државјани од Малта

Објавено пред

Министерството за надворешни работи информира дека денес организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

„Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот ‘Визер’, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија понуди најниска цена за авиобилетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авиопревозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин, којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата“, соопшти Министерството за надворешни работи.

На овие летови ќе бидат превезени и девет странски државјани, и тоа по четворица од Хрватска и Црна Гора и еден од Косово.

„МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

(Видео) Пендаровски: Почнуваме преговори со ЕУ, а денеска и формално стануваме членка на НАТО

Во овие денови на искушенија кога сме свртени кон своите најблиски, нашата држава направи клучен чекор кон остварување на стратешката...

Македонија1 час

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија2 часа

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет2 часа

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет3 часа

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет5 часа

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Свет5 часа

Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било...

Свет6 часа

Во Италија за 24 часа починале 712 лица, голем пораст на новозаболени со коронавирус

Италијанскиот северен регион Пијемонт соопшти дека 50 лица во тој регион починале од коронавирус во изминатите 24 часа, број кој...

Свет6 часа

Јужна Кореја: 96-годишна жена е најстарата пациентка во земјата излекувана од коронавирус

Деведесет и шестгодишна жена во Јужна Кореја стана најстариот пациент во земјата што целосно закрепна од новиот коронавирус, објави Си-ен-ен....

Македонија6 часа

Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи,...

Свет21 час

Бројката на заразени од коронавирус во светот надмина половина милион

Повеќе од половина милион случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во светот до денеска. Според Worldometers.com, до објавувањето на...

Свет21 час

Најстариот пациент во Италија го победи коронавирусот

Еден од најстарите пациенти во Италија заразен со коронавирус, маж на возраст од 101 година, се излекува од вирусот, објавија...

Свет22 часа

САД го обвинија Мадуро за наркотероризам и нудат 15 милиони долари за негово апсење

САД го обвинија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, за наркотероризам. Американските власти нудат 15 милиони долари за информации што би...

Македонија22 часа

Уште едно медицинско лице од Клиниката за кожни болести заразено со вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти за уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за кожни болести во...

Македонија23 часа

Градоначалникот на Велес превентивно во изолација, неговата сопруга прегледувала двајца од заразените

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, од вчера е во домашна изолација поради тоа што неговата сопруга прегледувала двајца од тројцата...

Македонија23 часа

Западен Балкан бара помош од ЕУ: „Овозможете да се приклучиме кон набавката на медицинска и заштитна опрема“

Со писмо адресирано до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, претседателите...

Европа1 ден

Во Шпанија 655 лица починаа од коронавирус за 24 часа

Шпанија регистрираше уште 655 смртни случаи од коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство, со што вкупната...

Економија1 ден

Во САД за една недела 3.3 милиони луѓе останаа без работа

Рекордни 3,3 милиони Американци минатата недела се пријавиле за надомест за невработени лица, што претставува најголем број откази во американската...

Европа1 ден

Директорот на СЗО за Европа: Охрабрувачки сигнали во борбата против коронавирусот

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, изјави дека се забележуваат охрабрувачки знаци во борбата против коронавирусот, откако...

Македонија1 ден

Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус, досега излечени се тројца пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. Од новозаразените...

Досие