Македонија
(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
„ По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме два настани во Кичево и еден во Тетово. Полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.К.(64) од Кичево затоа што во 07.45 часот го искинал гласачкото ливче откако гласал на избирачко место бр.0745 во Кичево. По насоки на Јавен обвинител на Б.К. ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување на изборен материјал“. Во 08.25 часот во Полициската станица Кичево, од избирачкиот одбор во с.Премка било пријавено дека на избирачко место бр.0796 во с.Премка, А.У. од село Премка го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.15 часот во СВР Тетово, заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште „Братство Миѓени“ во Тетово пријавила дека С.Д. сакала да го оствари своето право на глас без приложување на соодветен документ за идентификација, односно се обидела да гласа прикажувајќи фотографија од нејзината патна исправа на мобилниот телефон, а откако и било кажано дека тоа е противзаконски започнала агресивно да се однесува кон неа. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти Ангеловски.
Регистрирани се и пријави за агитација во Кочани и Кратово, но за сега овие пријави не се докажани.
„Апелирам до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица“, рече Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Македонија
АМСМ: Оштетена e оградата на мостот на Вардар, на патот кај селата Орешани – Таор

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место е поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници), соопшти АМСМ.
Од таму, на учесниците во сообраќајот им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Македонија
(Видео) Превртен автомобил кај Тетово, удрил во заштитната ограда на автопатот

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.
Вратата од страна на возачот беше отворена, а екипата на „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе имаше полиција
Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немаше ниту Брза помош, додека околу возилото имаше повеќе лица меѓу кои и минувачи.