Македонија
(Видео) Ангелов изврши увид на санирањето на критичните точки за поплавување во Босилово
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, оствари увид на санирањето на критичните точки за поплавување на реката Струмица.
Проверени биле месните локални канали, каде што се излева водата при големи врнежи и порои, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во 2021 година во оваа општина.
„Веднаш по поплавите на 21 декември минатата година при првата посета на критичните точки во Босилово, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК).
Денеска, на терен беа посетени истите критични места, при што се изврши увид на нивната санација“, се наведува во соопштението на ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За една недела 25 нови случи на голема кашлица
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Македонија
Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)
Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Директорот на ЦУК соопшти дека заврна дожд во Мариово и дополнително ќе извести дали пожарот е целосно изгаснат.
Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.
Во продолжение е видео-изјавата од Ангелов и за другите пожари во земјава.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов
СДСМ за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата. Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија. СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба. За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.