Македонија
(Видео) Андоновска: Соседните држави имаат вакцини против коронавирусот, ние последни ќе ги добиеме
Соседните држави имаат вакцини против коронавирусот, а Филипче нема ниту план, земјава последна ќе ги добие вакцините, обвини Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет. Во Србија стигна вакцината и почнува вакцинацијата, а тестови за корона може да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да почне вакцинацијата. Значи, кога речиси сите веќе набавија вакцини и почнаа со вакцинација против коронавирусот, Филипче не знае каде тера“, рече таа.
Прво, додаде Андоновска, Филипче рече дека вакцина против коронавирусот ќе имало на почетокот на следната година за потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се биде во март.
„Вчера веќе објаснува како Македонија била мал пазар, па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година. Нема одговори од надлежните за клучните прашања дали, кога и колку дози на вакцини навистина ќе има, како и тоа дали граѓаните ќе имаат избор од разните вакцините што веќе се употребуваат? Она што ни го кажува министерот за здравство е спротивно од онаа реалност за која постојано ни сведочат граѓаните“, рече Андоновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

