Македонија
(Видео) Арсовски: Заев зошто молчиш за трите фирми во Петрич?

Заев и СДСМ избегнуваат 4 дена да дадат одговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија. Затечениот Заев се уште не кажа дали овие фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чие работење Заев драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?”, за запраша тој.
Според Арсовски, факти кои отвораат многу прашања и сомнежи. ,,Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп.Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви.Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика. Овој бизнис кој се овозможува со отворањето на рудникот Иловица тежи над 10 милиони евра годишно.
Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став?Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).