Македонија
(Видео) Арсовски: „’Кај си љубави’ и домат-дипломатијата ни се удри од глава“
„Република Македонија од вчера, покрај здравствената ситуација, во која што се наоѓа во прилично сложена и сериозна ситуација и на надворешен план.Владата на Зоран Заев и СДСМ потфрли во ЕУ интегративниот процес. Трета година по ред Зоран Заев, заедно со Никола Димитров ги лажат граѓаните дека добиваме датум за преговори и дека ги отпочнуваме преговорите“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, „оваа лага излезе на површина и за жал, штетата сега ја трпат сите граѓани и самата држава Република Македонија. Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска де факто немаат капацитет да нудат повеќе европска иднина. Тонат во бездна, а со нив ја повлекоа и целата држава и целиот народ“.
„Шарлатанското однесување од типот на „домат дипломатија“ и „љубави, како си, те поздрави Зоки” излезе на виделина и конечно стигна поздравот до Зоран Заев и Владата за нивната несериозност, некапацитетност, некадарност, и негрижа кон државата и граѓаните, како и кон националните интереси. Би сакал да се потсетиме што велеше Зоран Заев на 26.07.2017 година во однос на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, а потоа да се потсетиме на уште едно видео што велеше Зоран Заев во однос на надворешните прашања. По се изгледа не било онака како што велел Зоран Заев изминативе неколку години.
Во овие моменти, тешки моменти за државата и граѓаните, кога стигна одговорот од бугарската влада за шарлатанската дипломатија на Зоран Заев, не страдаат само Владата на СДСМ, ним им е гајле тие уживаат и ќе уживаат во милионите кои што ги испокрадоа, туку страдаат граѓаните, обичниот народ и самата држава.Поривот за лажење, манипулирање и давање лажни ветувања на Зоран Заев кој што го гледаме изминативе години ја донесе Република Македонија до ќорсокак и до момент кога се што ветувал не може да исполни и затоа му се случува ова сега, не му се случува него, туку за жал штетата ја трпат граѓаните и државата“, рече Арсовски и додаде:
„Бидејќи вчера „Стево Пендаровски рече дека бил постигнат договор, па потоа не испаднало така се изјаловила работата, јавно прашуваме, што стоело во тој постигнат договор помеѓу Македонија и Бигарија, односно Заев и премиерот на Бугарија, што содржел истиот договор за кој се согласиле Зоран Заев, Димитров, Османи и Пендаровски, целата влада, а не се согласила бугарската страна? Барем еднаш нека бидат искрени и нека не ги манипулираат и лажат граѓаните. Вистината повторно ќе излезе на виделина“.
Според Арсовски, Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, ги ставија на тацна и на тезга за распродавање најсветите работи за Македонците, за граѓаните на Република Македонија, а тоа се идентитетот, историјата, нашите херои, нашите емотивни поврзаности со историски моменти и личности.
„Со нивното пазарџиско однесување, ги ставија граѓаните и државата во положба и позиција дотолку слаба во моментов, што ги наруши трајно, потенцирам трајно ги наруши, сите можни преговарачки позиции на Република Македонија во иднина. Ова што и се случува на Република Македонија и нашиот напатен народ е навистина тажно и жално. И целата вина е сконцентрирана во Зоран Заев. Се надеваме дека немаше да има пречки во овие интегративни процеси доколку Зоран Заев беше чесен и искрен во намерите, а и кон граѓаните и не ги манипулираше сите засегнати страни, па и граѓаните, опозицијата и соседна Бугарија.Изборот со Заев за жал е или асимилација или губење на време како што тој го претставува за ЕУ интеграција, или надвор од ЕУ и целосна блокада на преговорите. Оваа политика на Зоран Заев доживеа фијаско и е сосема извесно дека Заев нема ниту еден успех во надворешната дипломатија, тоа се виде. Удирањето во ѕид значи дека Заев мора да си даде оставка и сите политички субјекти да работат за формирање на Влада на национален спас. Оваа влада во овој формат е повеќе од кога било потребна во моментот.Зоран Заев и сите останати во Владата повеќе немаат капацитет да ја водат државата, потребно е да си дадат оставки и како што реков да се формира Влада по формат за национален спас. Ова се моменти кога треба да се размислува рационално и трезвено, а не со капацитетот на размислување на Зоран Заев. Тоа се покажа како неуспешно“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Македонија
Демант на Министерството за социјална политика, демографија и млади во врска со ЈУМЦСР Тетово
Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста за наводно непостапување по случајот во ЈУМЦСР Тетово.
„Ваквите обвинувања се целосно неосновани, неточни и спротивни на фактите.
Инспекторите од Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор.
Во рамки на овие надзори, меѓу другото, континуирано се врши инспекциски надзор над постапките за остварување на правата од парични давања, и тоа: правото на гарантирана минимална помош, правото на социјална сигурност за старите лица и правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице.
Во спроведените инспекциски надзори (редовни, вонредни и контролни) континуирано се изрекуваат соодветни инспекциски мерки со цел отстранување на констатираните неправилности. По исцрпување на инспекциските мерки, согласно законските одредби, се преземаат мерки за утврдување одговорност и поведување соодветни постапки против сторителите на утврдените повреди, вклучително и поднесување соодветни пријави до надлежните органи. Притоа, поголем дел од кривичните постапки што се водат пред Јавното обвинителство се иницирани од инспекторите од Инспекциската служба при Министерството, самостојно или во соработка со Јавното обвинителство.
Во однос на постапките за остварување на наведените права од социјална заштита, инспекторите за социјална заштита од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, во текот на 2024 година спроведоа два (2) вонредни инспекциски надзори по поднесени иницијативи од граѓани и шест (6) контролни надзори за следење на спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија од 2023 година, при што беа утврдени неправилности во 76 предмети. Во 2024 година беа донесени и решенија со кои се изречени инспекциски мерки за уште седум (7) предмети.
Во текот на 2025 година е спроведен еден (1) редовен инспекциски надзор со утврдени неправилности во шест (6) предмети, еден (1) вонреден надзор со утврдени неправилности во пет (5) предмети, како и шест (6) контролни надзори со кои е вршен надзор над спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија донесени во 2024 и 2025 година.
Во рамки на сите спроведени инспекциски надзори утврдени се неправилности во вкупно 94 предмети. Согласно спроведените контролни надзори, констатираните неправилности се отстранети во 88 предмети, по што инспекциската постапка е запрена. Исклучок претставува еден надзор спроведен во 2025 година, во кој се утврдени неправилности во шест (6) предмети, за кои контролниот надзор ќе се спроведе по истекот на рокот утврден за спроведување на инспекциските мерки.
Важно е да се напомене дека во случаи кога инспекторите ќе констатираат неоснована исплата на средства, ги известуваат/задолжуваат надлежните институции, да постапат согласно законските прописи, како и да се преземат мерки за утврдување индивидуална одговорност и поведување соодветни дисциплински, прекршочни или кривични постапки против одговорните лица, во согласност со важечката законска регулатива“, се вели во демантот.
Македонија
(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница.
Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката на болницата. Дополнително, како што наведе, била изречена и забрана за продажба на болницата, која, според сведоштвото, била укината веднаш штом политичарите изразиле интерес за откуп.
„По само една недела, ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно?“ – праша Стојаноски.
Тој исто така, повикувајќи се на интервјуто, рече дека Филипче и Заев сакале да ја купат болницата по цена далеку пониска од реалната, нарекувајќи го ова уште еден пример за злоупотреба на моќта во време на здравствена криза.
„Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД, тие се занимавале со сценарија за одземање болници“, изјави Стојаноски.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и неселективно да постапи.

